26.8 C
Скопје
15:20 - 6 октомври, 2026

(Фото) „Колку повисоко се искачувам, толку потивок станува светот“: Александра Спировска покажа која е нејзината нова страст

Новинарката Александра Спировска пронајде нова страст – спортското качување, а дел од својата најнова авантура сподели со следбениците на социјалните мрежи.

Спировска објави фотографии од Демиркаписката Клисура, каде што се испроба во оваа дисциплина, која бара физичка подготвеност, концентрација и истрајност.

Опремена за качување, таа се искачуваше по стрмните карпи и покажа како изгледа нејзиното ново хоби, а фотографиите ги придружи со порака за чувството што го доживува на височина.

„Колку повисоко се искачувам, толку потивок станува светот… Без граници. Без страв. Само следниот потег…“, напиша Спировска.


Демиркаписката Клисура е добро позната меѓу љубителите на спортското качување и алпинизмот. Нејзините варовнички карпи и стрмни карпести ѕидови нудат бројни можности за оваа дисциплина, а впечатливиот природен амбиент дополнително привлекува љубители на активниот туризам.

Судејќи според објавените фотографии, Спировска ужива во новиот предизвик, кој ѝ нуди поинакво искуство – физичка активност, концентрација и време поминато во природа.

Слични објави

Наташа Беквалац повторно е слободна? Наводно ја прекинала врската со поранешниот фудбалер

Еспресо

(Фото) Стефан Лазаров го зеде малиот Лука од болница, па порача: „Победив“

К.С.

(Фото) Деа Ѓурѓевиќ сподели емотивна објава посветена на ќерката: „Јас те родив и засекогаш ќе…“

Еспресо

(Фото) Машките одела од „Капитол“ – елеганција со совршен крој

Еспресо

Балерината Стефанија Гаштарска проговори за тешкото нарушување во исхраната: „Постојано се изгладнував себеси“

К.С.

Синот на покојниот српски пејач Луис откри дека води битка за своето здравје: Сакав да споделам за да ме препознаете без коса и брада

Еспресо
Се вчитува....