6.8 C
Скопје
20:34 - 12 март, 2026

(Фото) Кајл Меклахлан со срцепарателна порака за Дејвид Линч: „Секогаш го доживував како најавтентичниот човек што сум го запознал“

Американскиот актер Кајл Меклахлан му оддаде почит на Дејвид Линч, визионерскиот режисер познат по филмовите „Син сомот“, „Малхоланд Драјв“ и серијата „Твин Пикс“, кој почина вчера на 78-годишна возраст.

„Пред 42 години, од причини што сè уште не ми се јасни, Дејвид Линч ме извлече од анонимност за да глумам во неговиот прв и последен високобуџетен филм. Очигледно, тој виде нешто во мене што дури и јас не го препознавав. Целиот мој живот и кариера му ги должам на неговата визија.

Она што јас го видов во него беше еден загонетен и интуитивен човек со креативен океан што се излеваше од него. Тој беше во допир со нешто на што сите ние само можеме да се надеваме.

Фото: Инстаграм/Кајл Меклахлан

Нашето пријателство процвета за време на ‘Син сомот’, а потоа и ‘Твин Пикс’, и секогаш го доживував како најавтентичниот и жив човек што сум го запознал. Дејвид беше во хармонија со универзумот и со својата имагинација на ниво кое изгледаше како најдобрата верзија на човекот. Не беше заинтересиран за одговори, бидејќи знаеше дека прашањата се она што нè тера да бидеме она што сме. Тие се нашиот здив.

Додека светот загуби извонреден уметник, јас загубив драг пријател кој замисли иднина за мене и ми дозволи да патувам низ светови што никогаш не би можел сам да ги замислам“, напиша актерот во својата објава.

Фото: Инстаграм/Кајл Меклахлан

На крајот Меклахлан потенцираше: „Ќе ми недостига повеќе од границите на мојот јазик и од она што може да го издржи моето срце. Мојот свет е многу побогат затоа што го запознав и многу посиромашен сега кога го нема. Дејвид, засекогаш сум променет и засекогаш твој Кејл. Ти благодарам за сè.“

Слични објави

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.

(Фото) Повеќе од 50 милони! Луна Ѓогани се пофали со својот голем успех по враќањето од Малдивите

Еспресо
Се вчитува....