00:43 - 12 април, 2026

(Фото) Еден посебен детаљ ги разнежи гостите на првиот роденден на Лена, ќерката на Павле и Ирина Камилоски

Пејачот Павле Камилоски и неговата сопруга Ирина Камилоска (Дишовска) го прославија првиот роденден на ќерката Лена. По тој повод, среќната мајка ја напиша најемотивната честитка на нејзиниот инстаграм-профил.

„Девојчице моја мала. Не знаев колку сум спремна да бидам мајка на женско дете, сѐ до оној момент кога Господ ми те даде тебе. Толку мала, а голема. Упорна, борец мој. Бељаџика на мама. Куклица моја малечка. Леночка моја.

Среќен прв роденден мајкино, те сакаме до небото“, напиша Ирина на својот инстаграм-профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Irina Kamiloska (@irinadisho)


На роденденот на Лена имало многу гости, блиски пријатели и роднини на семејството Камилоски, но и познати личности од естрадата како пејачот Александар Тарабунов и Елена Стефановска, позната како водителка на емисијата „Живот со стил“.

Но, она што е најспецифичен детаљ за гостите на роденденот е што тие добиле и подарок. Слика од подарокот во персонализирана торба со која семејството Камилоски им се заблагодарува на гостите за присуството на роденденот, сподели Едина Муса, поранешната кошаркарка и фитнес-тренер.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Павле и Ирина, која е страсна планинарка и не се откажа од спортувањето ниту во текот на бременоста, имаат уште еден син, Јосиф, кој се роди во јуни 2023 година.

Тие се запознаа на снимање на емисија, а направија традиционална венчавка во февруари 2023 година. Семејството Камилоски е по потекло од Галичник, па свадбата беше со сите обичаи како одење по невестата, зурли и тапани и песни од Реканскиот крај.

Слични објави

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.

Бугарскиот пејач Константин има личен мини бар, кој буквално го следи насекаде

Т.Ц.

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.

Мајката на Наташа Беквалац проговори за пропаднатите бракови на ќерка ѝ: „Ќе се откажам од неа ако повторно се омажи“

Еспресо
Се вчитува....