20:15 - 5 април, 2026

(Фото) Дарко Илиевски повторно ќе стане татко: Неговиот син Матео ќе добие сестричка

Македонскиот пејач Дарко Илиевски објави дека повторно ќе стане татко – тој и неговата сопруга Ивана го очекуваат нивното второ дете.

Парот веќе го има четиригодишниот син Матео, а сега ќе добијат и ќеркичка, која треба да се роди во април следната година.

сти! Пресреќни сме што можеме да споделиме дека наскоро очекуваме да пристигне нашето скапоцено девојче. Нашите срца се полни и едвај чекаме да ја пречекаме во нашите животи со љубов и радост“, напиша Илиевски на својот инстаграм-профил.

Фото: Инстаграм/Дарко Илиевски

Да потсетиме, Дарко Илиевски и Ивана Келешовска (сега Илиевска) стапија во брак во 2016 година, а две години подоцна се преселија во Соединетите Американски Држави.

Во 2019 година, станаа родители на првото синче.

„8 октомври 2019 е најсреќниот ден во мојот живот! Мојата кралица ми роди син како најголем поклон за 3 години од нашиот брак. Фала ти сонце мое! Драги пријатели, се роди Матео“, напиша тогаш пејачот.

Фото: Инстаграм/Дарко Илиевски

Слични објави

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Тори Спелинг и седум деца се повредени во сообраќајна незгода: Нејзината брза реакција спречила поголема трагедија

Т.Ц.
Се вчитува....