02:56 - 6 април, 2026

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Српската водителка Бојана Јанковиќ почина на 46-годишна возраст, а нејзината ненадејна смрт ја потресе српската јавност.

Пред погребот се огласи и нејзиниот поранешен сопруг. Огњен Јанковиќ, член на групата „Белградски синдикат“ се огласи на социјалната мрежа Фејсбук каде објави фотографија која доволно говори за тоа колку е скршен поради огромната загуба.

Црната позадина, без зборови, предизвика многу изрази на сочувство кои се појавија во коментарите под фотографијата. Семејството на починатата водителка се прости со потресни некролози. Освен семејството, на социјалните мрежи од Бојана се простија и многу пријатели и колеги.


Потсетуваме, Бојана Јанковиќ почина на 46-годишна возраст. Нејзиното безживотно тело било пронајдено во нејзиниот стан. Причината за смртта не е официјално потврдена, но според неофицијални информации, Брзата помош ја констатирала смртта на Бојана околу 19 часот, а на телото немало видливи траги на насилство. За нејзината смрт било известено Вишото јавно обвинителство во Белград, кое наредило обдукција, а телото на познатата водителка потоа било пренесено во Институтот за судска медицина во Белград.

Ужаленото семејство, пријателите и колегите ќе ја испратат Бојана на вечниот одмор в петок, 26.04.2024 година во 14:30 часот на Новите гробишта во Белград.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....