12:31 - 3 април, 2026

(Фото) „Чест ми е!“: Убавата Чарна Невзати ќе ја претставува Македонија на Мис на светот 2025

По повеќегодишна пауза, Македонија повторно ќе има своја претставничка на изборот за Мис на светот. Престижната манифестација, која годинава се одржува по 72. пат, ќе се случува од 7 до 31 мај во Телангана, Индија.

Честа да ја претставува нашата земја ѝ припадна на 20-годишната Чарна Невзати, студентка на Правниот факултет, која својата радост и возбуденост ја сподели со јавноста преку социјалните мрежи.

„Чест ми е што ќе ја претставувам мојата земја на изборот на Мис на светот 2025 година во Телангана, Индија од 7 до 31 мај 2025 година – Убавина со цел. Вистински ја ценам оваа можност што ми ја даде организацијата Мис Северна Македонија да ја претставам прекрасната култура и наследство на Северна Македонија на глобалната сцена“, напиша таа.

Фото: Инстаграм/Чарна Невзати

Исто така, таа сподели неколку фотографии од подготовките за натпреварот, каде веќе доби голема поддршка од своите следбеници.

Изборот за Мис на светот е еден од највлијателните и најгледаните меѓународни натпревари за убавина, кој покрај изгледот, нагласува и хуманост, интелигенција и личен ангажман.

Слични објави

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо
Се вчитува....