10:30 - 6 април, 2026

(Фото) Богдана и Вељко Ражнатовиќ имаат причина за славење: Парот ја сподели среќната вест, честитките само се нижат

За Вељко Ражнатовиќ и неговата сопруга вчера беше многу важен датум. Имено синот на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ и неговата сопруга Богдана, со која има три сина, ја прославиот шестгодишнината од бракот.

На 24 ноември 2019 година, Богдана и Вељко се венчаа, а вчера прославија шест години љубов од која добија три сина.

На Инстаграм се појавија објави посветени на Ражнатовиќ, а некои фан-страници споделија и прекрасни снимки од нивната свадба.

– Нека продолжи да ве води срцето што ве спои – напишано е во еден пост на фан-страницата на Богдана Ражнатовиќ.

Патем, Богдана ја следи таа страница и понекогаш споделува фотографии од семејниот живот со нив.

Богдана и Вељко се заколнаа на својата вечна љубов на 24 ноември 2019 година во црквата Свети Сава, а овој датум не беше избран случајно. Имено, во 2019 година се навршија точно 24 години откако неговите родители Цеца и Жељко Ражнатовиќ Аркан го кажаа судбоносното „да“, но тоа не е сè. Богдана, која во тој момент беше во блажена состојба, стана г-ѓа Ражнатовиќ исто така на 24-годишна возраст. Спектакуларната прослава се одржа во луксузен хотел во главниот град, пред околу 500 гости.

Слични објави

Мајка ми рече дека таа девојка не е за мене: Огнен Здравковски се отвори за љубовта

msp-admin

(Фото) Цеца Ражнатовиќ во тексас стајлинг од 9.000 евра, се облекла во „Шанел“ од глава до пети

Еспресо

(Фото) Партнерката на Лазар Ристовски повторно го привлече вниманието на јавноста

Еспресо

Дневен хороскоп за 6 април: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.
Се вчитува....