10.8 C
Скопје
21:48 - 23 март, 2026

(Фото) Баба од соништата: Сава, сопругата на Лозано, ја покажа мајка си со посебен повод

Сопругата на пејачот Влатко Лозаноски-Лозано, Сава Грачанин, сподели слика од нејзината мајка, која ја нарече „баба од соништата“.
Објавата од пред неколку дена е по повод нејзиниот роденден, а гордата ќерка до неа напиша:
„Што би јас без неа? Среќен роденден на мојата мајка. Баба од соништата“, стои во објавата.
На сликите може да се види дека Сава многу наликува на својата мајка, која е убава и негувана жена. Инаку, заедно со синот Марко, таа му беше голема поддршка на сопругот на концертот на 7 март во Арената „Борис Трајковски“.
Во еден од најтоплите моменти на вечерта, Лозано на сцената го изнесе и својот син Марко, кој носеше маичка со натпис „Километри љубов за тато“, што публиката го поздрави со силен аплауз.
Поздравувајќи ги присутните, Лозано не ја криеше возбудата што ја гледа преполната сала.
По воведниот дел, концертот продолжи со низа песни кои ја одбележаа кариерата на Лозано.
Тој ја испеа и „Громови на душа“ од Тоше Проески, која публиката ја пееше во еден глас.

Атмосферата стана уште поемотивна кога следеше делот посветен на членовите на „ДНК“.
Во чест на своите пријатели, Лозано ги испеа „Срце“ и „Што сака нека биде“, а илјадници светла ја осветлија арената, создавајќи еден од највпечатливите моменти на концертот – големо „ѕвездено небо“.
Наместо минута молк, пејачот побара минута аплауз за Андреј и Панчо од „ДНК“. Додека публиката силно ракоплескаше, понесен од емоциите, Лозано не можеше да ги сокрие солзите на сцената.
Неколку дена пред концертот, сопругата на Влатко Лозаноски објави преслатко видео од нивниот син, во кое го спомена и својот сопруг.
Малиот Марко, кој се роди на 18 октомври 2024 година, на видеото пее, а гордата мајка до него напишала: „Пробите за концертот се до касно навечер. Се гледаме кај тато на концерт в сабота“.

Слични објави

(Фото+видео) Сенида направи трансформација на изгледот: Пејачката ги искомбинира русите прамени со драматичен црн аутфит

Еспресо

„Најдлабоките мисли ми се…“ Каспер откри детали од интимата со Мина Костиќ

E.A.

Луксуз или претерување? Речиси 18 милиони евра на една фотографија на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез

Еспресо

Дара Бубамара нема да ја гледаме во жирито на Ѕвездите на Гранд: Откриено е кој ќе ја замени

E.A.

Дара Бубамара првпат нема да биде дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“: Откриено кој ќе ја замени 

Еспресо

Зошто Азис му го сврте грбот на својот „творец“ Бони?

E.A.
Се вчитува....