13:17 - 12 април, 2026

(Фото) Антониа Гиговска со моќна креација: „Ова е фустанот на мојот живот“

Публиката во Битола беше сведок на несекојдневен настап во кој музиката и модата се споија во едно. Антониа Гиговска се појави на сцената во еден познат хотел, во впечатлив, припиен бел фустан, претворен во визуелен дневник на нејзината кариера.

На креацијата беа испишани насловите на нејзините најпознати песни – од „Жена“ и „Хиена“, до „Магнет“, „Магла“, „Могли смо у двоје“, „Аман“ и „Мразам што те сакам“. Минималистичкиот дизајн со ролка ја нагласи силуетата, а типографијата со стихови ѝ даде силна симболика на целата појава.

Пејачката јавно му се заблагодари на дизајнерот Дејан Сидор, истакнувајќи дека станува збор за „фустан на животот“ – креација што ги обединува сите нејзини песни во едно уметничко парче.

„Битола вчера. Фала ви од срце за преубавата енергија, фала ви од срце за секој отпеан стих! Ааааа за фустанов на мојот живот немам коментар! Сите мои песни испишани на еден фустан. Фала ти најмногу на цел свет Дејан Сидор за ова ремек-дело“, напиша таа.

Фото: Инстаграм/Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/Антониа Гиговска

Слични објави

(Фото) Марија Шерифовиќ го прославува Велигден на Бали – ужива во празнична трпеза со семејството и Јована Пајиќ

Еспресо

Стапчиња од лиснато тесто со пармезан крцкави, миризливи и готови за 15 минути

Т.Ц.

(Фото) Ава Карабатиќ била нападната од нејзиниот партнер во Белград: „Се плашам за мојот живот“

Еспресо

Хороскоп за 12 април: Рибите ќе му изразат љубов на партнерот, Стрелците ќе ја истакнат креативноста

Еспресо

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.
Се вчитува....