Пејачката Ана Николиќ повторно е задоволна од својот изглед и со гордост ја покажа успешната трансформација на телото. Откако претходно ослабе дури 50 килограми, Ана неодамна призна дека повторно качила неколку килограми, но сега вели дека е назад во форма – благодарение на напорни тренинзи и дисциплина.
Ана веќе извесно време редовно оди во теретана, а тоа често го споделува и со своите следбеници на Инстаграм, преку видеа и фотографии од вежбањето. Овојпат, вниманието го привлече со фотографија во смел стајлинг.
Пејачката позираше во проѕирен комбинезон под кој се гледаа долната облека, рамниот стомак и затегнатите нозе. Коментарите не изостанаа, а следбениците ѝ упатија бројни комплименти за изгледот и упорноста.
„Само така, паметно и напред“, „Секоја чест“, „Продолжи во ист ритам“ – беа само дел од пораките.
Ана Николиќ претходно откри дека слабеењето го постигнала со строга исхрана и промена на животните навики.
Таа истакна дека хидратацијата ѝ била клучна – секое утро пиела по две чаши вода, понекогаш со лимон. За појадок најчесто јадела јајца со зеленчук, салати или житарици, додека за ручек избирала бело месо или риба со варен зеленчук. Целосно ги исфрлила јаглехидратите од бело брашно и се држела до дневен внес од 1.000 до 1.200 калории.
Слатките целосно ги избегнувала, а доколку почувствувала пад на шеќерот, земала само една лажица чоколаден намаз. Вечерата ѝ била лесна – јогурт или зеленчук, а дневно пиела и до четири литри вода.
„Слабеењето е пред сè психолошка работа. Кога човек цврсто ќе одлучи дека сака промена, тогаш и успева. Првиот месец е најтежок, потоа се навикнуваш“, истакна Ана во една од своите изјави.
