10:58 - 5 декември, 2025

(Фото) Ана Николиќ му испрати на оперираниот Раста силна порака: Еве што имаше да му каже со три збора

Српската пејачка Ана Николиќ му се обрати на поранешниот сопруг, раперот Стефан Ѓуриќ Раста, кој заврши во болница на операција.

Поранешниоте сопружници не се во добри односи, но за доброто на нивната ќерка Тара се трудат нормално да комуницираат.

Пејачката преку Инстаграм им стави до знаење на сите дека е загрижена за раперот, односно нејзиниот поранешен сопруг и татко на нејзината ќерка Тара.

Николиќ сега му посака брзо закрепнување, со пораката:

„Брзо оздрави тато“, напишала Ана додека се снимала во соблекувалната во еден трговски центар, облечена во мини фустан, а потоа во следните кадри се појавува и нивната ќерка Тара која позира со мајка си.

Заедно со објавата Ана ја додала и песната на Раста „Кавасаки“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Nikolić (@ananikolicofficial)


Да потсетиме, Стефан Ѓуриќ Раста беше итно примен во болница откако не можел да застане на нозе.

Се сомневал дека има проблем со дискусернија, но се покажа дека е посериозно отколку што изгледало.

– Во прашање е проблем со ‘рбетот. Не можеше да застане на нозе, веднаш беше хоспитализиран во придружба на неговата девојка. Направени се итни анализи и прегледи, по што советот на лекари одлучил дека операцијата е неопходна – рекол изворот за српски „Телеграф“.

Раста потоа беше опериран на 25 април и сè помина во најдобар ред, а сега се опоравува.

Инаку, поранешните сопружници во последно време си упатија тешки зборови еден за друг, но се чини дека работите сега се смирени, барем поради здравствената состојба на Раста.

 

 

 

Слични објави

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо

(Фото) „Мал сончев зрак води низ облачно небо“: Лична приказна на Илина Арсова

Еспресо

„Кога излеговме на состанок, ми кажа дека е оженет“: Николина Пишек бара партнер на апликација за запознавање

Еспресо

По загубата на мајка му и на татко, само таа му остана: Дарко Илиевски со уште лична приказна

msp-admin
Се вчитува....