7.8 C
Скопје
21:46 - 30 март, 2026

(Фото) Алка Вуица со ретро фотографија од 1999: „Дури сега гледам колку добро изгледав“

Хрватската пејачка и авторка на бројни евергрини, Алка Вуица, повторно го привлече вниманието на јавноста со објава на фотографија од својата младост.

На социјалните мрежи, таа сподели слика од 1999 година, кога имала 38 години.

„Дури сега гледам колку добро изгледав“, напиша Вуица, која на фотографијата позира во црна кожна јакна, со црвен кармин и минималистички накит.

Елегантниот изглед и самоуверениот став веднаш предизвикаа лавина реакции, а пофалбите не престануваат да пристигнуваат. Меѓу коментарите на нејзините обожаватели се најдоа споредби со познати холивудски ѕвезди. Некои ја споредија со Нели Фуртадо, други со Салма Хаек, Пенелопе Круз и Деми Мур, а имаше и такви кои ја поврзаа со уметничкиот лик на Фрида Кало.

„Времето за вас застанало“, „Прекрасна бевте и останавте“, „Вашата убавина е и надворешна и внатрешна“, „Секогаш жена со стил и со став“, се само дел од пораките што ѝ ги упатија фановите.

Фото: Инстаграм/Алка Вуица

Слични објави

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо
Се вчитува....