06:21 - 3 април, 2026

Фоемула 1: Бред Пит „ќе се трка“ со Луис Хамилтон

Холивудскиот актер Бред Пит, кој доби улога на возач на Формула 1 во филм, ќе може да се види во Силверстоун следниот викенд во рамките на трката за Големата награда (Гран при) во Формула 1 на Велика Британија.

Пит треба да биде снимен како се вози во адаптиран болид Формула 2 помеѓу тренинзите денес

Британскиот шампион Луис Хамилтон помага во продукцијата на филмот во кој глуми Пит.

59-годишниот оскаровец портретира возач ветеран, кој се враќа на патеката по 30 години отсуство.

Заплетот е интересен, но и малку опасен со оглед на возраста на Пит. Сепак, Хамилтон го пофали актерот: „Бред изгледа како да старее наназад. Изгледа одлично за својата возраст“.

„Не можам да ви кажам колку сум возбуден што го имаме Бред Пит во Формула 1. Тоа е неверојатно, рече Хамилтон.

Додека Пит ќе биде сам на патеката во Силверстоун во модифициран болид подготвен од Хамилтоновиот тим на „Мерцедес“, помошта од компјутерски генерирани слики ќе направи да изгледа како да се трка на почетокот на оваа сезона.

Филмската екипа ќе присуствува на патеката пред неделната трка за Големата награда на Британија.

Хамилтон беше вклучен во подготовките за филмот, вклучително и обидот да го направи што е можно поавтентичен.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....