Шоубиз иконата Барбра Стрејсенд ја презема улогата на „наодаџика“ за холивудската ѕвезда Џенифер Анистон, која моментално е сингл. Но ова не е првпат Барбара да помага на некоја ѕвезда да си најде партнер за себе.
Бидејќи блиските пријатели на Џенифер не успеаја да најдат соодветен партнер за 54-годишната поранешна ѕвезда на „Пријатели“, извори за RadarOnline.com изјави дека таа се обратила за помош кај една од нејзините големи идоли – Барбара која е добро позната меѓу холивудските ѕвезди и воопшто меѓу славните за ова „спроводување“.
Џенифер неодамна ѝ оддаде искрена почит на Барбра Стрејсенд (81) со пресоздавање на винтиџ имиџот на легендарната актерка од 1960-тите, како што позираше за познато списание.
Барбра го изрази своето воодушевување од портретот на Џенифер, хумористично коментирајќи: „Да имала само уште испакнат нос“.
Некои претставници на забавната индустрија ја забележале неверојатната сличност меѓу двете ѕвезди, со исклучок на нивните носови, а Барбра долго време е обожавателка на помладата актерка.
„Барбра е решена да го најде совршениот партнер за Џен“, открил изворот. „Таа во минатото успешно одигра улога на наводаџика за другите“.
Првиот брак на Џенифер со Бред Пит заврши со потресен развод во 2005 година кога тој ја остави за Анџелина Џоли.
Нејзиниот втор брак со Џастин Теру, исто така, заврши по само две години во 2017 година. Двојката го финализираше разводот следната година, но останаа во добри односи и неодамна беа видени заедно на вечера.
Since Jennifer’s closest pals have failed to seal the deal of finding the sexy Friends alum, 54, a new guy, sources spilled she’s turning to one of her longtime heroines for help. https://t.co/d4ydPvP3Xs
— Radar Online (@radar_online) June 10, 2023
„Барбра веќе планира интимни забави со вечера каде Џен ќе седи покрај некој кој е вистински компатибилен за неа“, сподели добро информираниот извор.
„Џен е поласкана од посебното внимание што го добива од Барбара и верува дека позитивните промени се на хоризонтот“.
Во интервју за списанието Allure во декември, Џенифер призна дека копнее по стабилна врска.
„Би сакала да бидам во партнерство. Кој знае? Има моменти кога знаам да кажам : „Ми треба поддршка“. Би било прекрасно да се вратиш дома и да најдеш утеха во нечии прегратки по тежок ден“, истакна таа.