6.8 C
Скопје
07:03 - 31 март, 2026

Дејв Грол ги воодушеви фановите – бездомниците ќе го пaметат долго овој рокер

Американскиот рокер Дејв Грол како доброволец правеше скара во засолништето за бездомници „Требек центар“ во Нортриџ, Калифорнија, САД.

Грејс Анчета, раководител на „Мисијата за надеж“, за медиумите раскажа дека светски познатиот пејач од хеви-метал составот „Фу фајтерс“ и пријателите минатата седмица пристигнале со сопствени скари, месо и храна и приредиле своевиден „спектакл“ за луѓето кои имаат потреба од топол оброк.

– Тој ја обезбеди храната и времето и се фати за печење во тек на 24 часа среде невремето минатата седмица… Тој го стори тоа, додека нашиот основач и извршен директор, Кен Крафт, и претседателот и Центарот, Роуан Ванслив, беа на пат од 350 милји од Лас Вегас до Лос Анџелес во обид да ги соберат последните 350.000 американски долари потребни за да ги отворат нашите три засолништа. Дејв подготви вечера за над 450 луѓе, за неколку наши засолништа и остана со пријателитре да ја послужат храната на сите наши штитеници во „Центарот Требек“, вели Анчета.

„Не го заслужуваме Дејв Грол“, гласи еден твитер-коментар.

Можеби нему и не му било целта светот да дознае за тоа, но иако со задоцнување од седум дена, интернетот го забележа ова добро дело. А, бројни обожаватели го поздравија ваквиот потег сo песната „Мy hero“ („Мојот херој“) на „Фу фајтерс“.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....