7.8 C
Скопје
21:10 - 31 март, 2026

„Целиот свет е музика ако изберете да слушате“ -„Златен лав“ за животно дело за Брајан Ено

Брајан Ено, познат британски музичар, продуцент и визуелен уметник кој во минатото работеше со „Токинг хедс“, „Ју-ту“ и Дејвид Боуви, е следниот добитник на „Златен лав“ за животно дело со особен придонес во областа на музиката, соопштија организаторите на реномираниот Филмски фестивал во Венеција.

„Одделот за музика на венециското Биенале одлучи да го награди Ено за истражувањето на квалитетот и убавината на дигиталниот звук, за неговото проширување, како и за концептот на акустичниот простор како компонирачки инструмент“, се вели во соопштението.

Брајан Ено (74) ја стекна славата уште во 70-тите, прво како основач на поп-бендот „Рокси“, а познат е и по својот придонес во амбиенталната, поп-рок, и електронска музика.

Наградата ќе му биде доделена на свеченоста во склоп на „Биенале музика“ којашто ќе се одржи на 22 октомври 2023 година во Венеција.

„Целиот свет е музика ако изберете да слушате на тој начин“, изјави славниот музичар во една прилика.

Слични објави

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо
Се вчитува....