09:51 - 2 април, 2026

Цеца се отвори за Милица Павловиќ: „Никогаш не сум имала такви напади од колегите“

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ отворено проговори за актуелните случувања на естрадата, каде последниве недели не стивнуваат јавните препукувања меѓу пејачи.

По низата изјави и навреди меѓу колеги, особено по коментарите упатени кон Милица Павловиќ, Цеца истакна дека никогаш не чувствувала потреба да се впушта во вакви конфликти.

„Искрено да ти кажам, немав такви напади од колеги, тоа беа само некои поединци. Ги има и денес. Очигледно е такво време, се појавија луѓе кои се занимаваат само со туѓи животи, што е навистина неверојатно. Луѓе, зборувајте за своите животи, своите успеси и кариери – а не за други“, изјави Цеца за „Тeлеграф“.

Пејачката додаде дека никогаш нема да коментира колеги во јавност: „Немам потреба да зборувам за други, да им наоѓам мани или да им давам совети преку медиуми. Ако некој ми побара совет, ќе го кажам приватно, не пред камера. Не сум човек што се расправа, ниту сакам некого да направам да се чувствува непријатно. Секогаш кога зборуваме за други, всушност зборуваме за себе – некои луѓе тоа не го разбираат.“

Во меѓувреме, конфликтите на сцената продолжуваат. Аца Лукас јавно ѝ се обрати на колешката Милица Павловиќ, нарекувајќи ја „кинеска Јелена Карлеуша“ и обвинувајќи ја дека лаже во врска со нивниот нереализиран дует „Кидаш ме“.

Откако Павловиќ изјави дека песната ја избришала сама, Лукас реагираше: „Не си притиснала никаков ‘delete’, ниту си го избришала дуетот. Тој беше забранет од мојата продукциска куќа ‘Хајп’, во договор со мене, од добро познати причини – и на тебе и на ‘Гранд продукција’. Не си ништо избришала, туку доби забрана“.

Слични објави

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски едвај се спасил

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо
Се вчитува....