17:18 - 26 јуни, 2026

Бугарката Дара неодамна ја испеа „Лане моје“ со Жељко Јоксимовиќ, вчера тој прв ѝ честиташе

Бугарската претставничка Дара е победничка на Евровизија 2026, откако со песната „Bangaranga“ триумфираше на големото финале во Виена и ја освои Европа.

На нејзиниот успех му претходеше и забележана соработка со српскиот пејач и композитор Жељко Јоксимовиќ, една од најголемите евровизиски ѕвезди од Балканот.

Токму Јоксимовиќ бил меѓу првите што ѝ честитале по победата. Веднаш по прогласувањето, тој објави нивна заедничка фотографија на Инстаграм, потсетувајќи на нивниот неодамнешен настап за официјалниот јутјуб-канал на Евровизија.

Дара и Јоксимовиќ заедно ја изведоа легендарната „Лане моје“, песната со која српскиот музичар во 2004 година го освои второто место на Евровизија во Истанбул, претставувајќи ги Србија и Црна Гора.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DARA (@darnadude)


Настапот беше дел од специјалниот серијал „Eurovision A Little Bit More“, во кој евровизиските учесници изведуваат нови верзии на познати евровизиски песни или свои интерпретации на стари хитови.

Идејата за нивната соработка, организирана по повод 70-годишнината на Евровизија, дошла од познатиот композитор Димитрис Контопулос, а Јоксимовиќ веднаш ја прифатил поканата.

Дара тогаш јавно зборуваше колку ѝ значело што настапува со него.

„Тој е неверојатен автор, музичар и полиглот кој без напор се движи низ различни музички светови и изрази. Такви луѓе се реткост. Жељко, ти си чиста инспирација. Ти благодарам“, напиша таа на Инстаграм.

Јоксимовиќ ѝ возврати со кратка порака: „Среќно на Евровизија.“

Дара со „Bangaranga“ настапи прва во второто полуфинале на 14 мај и убедливо обезбеди место во финалето. Во големото финале успеа да освои огромен број поени и од жирито и од публиката, што ѝ ја донесе историската победа за Бугарија.

Ова е најголемиот евровизиски успех за земјата досега. Пред неа, најдобар пласман за Бугарија имаше Кристиан Костов, кој во 2017 година заврши на второто место.

Бугарија дебитираше на Евровизија во 2005 година во Киев, а по неколку паузи поради финансиски причини, повторно се врати на натпреварот во 2016 година.

Со победата на Дара, Бугарија следната година ќе биде домаќин на Евровизија 2027.

Слични објави

(Фото) Деа Ѓурѓевиќ го посети Острог – бремената водителка во розов фустан блеска од среќа

Еспресо

Здравко Чолиќ проговори за љубовните врски: Во животот имав малку сериозни врски, но имаше повеќе жени, да не ги именувам

Еспресо

(Фото) Српската пејачка ослабе 100 килограми, постави рекорд на естрадата: Кога ќе се соблече во костим за капење, сите занемуваатсите останува без зборови

Еспресо

(Фото) Како Памела Андерсон од младоста! Ќерката на српската пејачка го „запали“ интернетот, има тело за 10 и сите 10-ки во индексот

Еспресо

(Фото) Во бикини на Скијатос — Ирена Спировска го прослави 52. роденден и покажа дека е во одлична форма

Еспресо

(Видео) „Зошто полугола на тие години?“: Згодната Јелена Розга запеа во провокативно издание, јавноста ја искритикува

Еспресо
Се вчитува....