27.8 C
Скопје
17:05 - 6 октомври, 2026

Која е Дара — бугарската пејачка што ја освои Евровизија 2026?

Бугарија вечерва за првпат во историјата победи на Евровизија, а зад големиот триумф стои 27-годишната поп-ѕвезда Дара, која ја воодушеви Европа со песната „Bangaranga“.

Со енергичниот настап, впечатливата сценска појава и модерниот поп-звук, Дара успеа да ги освои и жирито и публиката, носејќи ѝ на Бугарија историска победа на јубилејното 70. издание на Евровизија.

Дара е родена во Варна во 1998 година, а уште како дете почнала да изучува музика и фолклорно пеење. Пошироката публика ја запозна во 2015 година, кога се појави во бугарската верзија на музичкото шоу „Икс фактор“. Иако тогаш го освои третото место, токму шоуто ѝ ја отвори вратата кон големата музичка сцена.

Фото: Инстаграм/Дара

Нејзиниот прв хит „К’во не чу“ веднаш стана една од најслушаните песни во Бугарија, а Дара за кратко време се наметна како ново лице на модерната бугарска поп-сцена.

Во годините што следуваа објави низа хитови, настапуваше на големи фестивали, освојуваше музички награди и стана една од најпопуларните млади пејачки во регионот.

Особено голем успех постигна со песната „Thunder“, која со недели беше на врвот на музичките листи, а паралелно стана и најмладиот тренер во историјата на шоуто „Гласот на Бугарија“.

Фото: Инстаграм/Дара

На Евровизија 2026 замина како голем фаворит на бугарската публика, откако победи на националниот избор. Песната „Бангаранга“ многумина ја опишаа како модерна, заразна и создадена токму за евровизиската сцена, а вечерва тоа се потврди и со победата во Виена.

Со 516 освоени поени, Дара не само што ја донесе првата евровизиска победа за Бугарија, туку стана и едно од најголемите музички имиња на Балканот во моментов.

Слични објави

Младата Месечина во Вага ќе им донесе среќа на четири хороскопски знаци — ќе започне период на нови можности

К.С

Наташа Беквалац повторно е слободна? Наводно ја прекинала врската со поранешниот фудбалер

Еспресо

(Фото) Стефан Лазаров го зеде малиот Лука од болница, па порача: „Победив“

К.С.

(Фото) Деа Ѓурѓевиќ сподели емотивна објава посветена на ќерката: „Јас те родив и засекогаш ќе…“

Еспресо

(Фото) Машките одела од „Капитол“ – елеганција со совршен крој

Еспресо

Балерината Стефанија Гаштарска проговори за тешкото нарушување во исхраната: „Постојано се изгладнував себеси“

К.С.
Се вчитува....