-0.2 C
Скопје
21:02 - 19 декември, 2024

„Без неа немаше да постои ‘Рибља чорба’“: Ова му беше омилената песна на Бора Чорба!

Српскиот музичар и пејач на музичката група „Рибља чорба“, Борисав Бора Ѓорѓевиќ почина денеска на 72-годишна возраст во болница во Љубљана, каде што се лекуваше од тешко воспаление на белите дробови.

Ѓорѓевиќ, познат низ целиот регион по прекарот Бора Чорба , ќе остане запаметен како една од легендите на рок музиката и автор на некои од најголемите хитови на овие простори, какп „Лутка са насловне стране“, „Добро јутро“, „Погледај дом свој анѓеле“, „Остани ѓубре до краја“, „Када падне ноќ“ итн.

Со својата поезија, главно напишана на секојдневен јазик, кој често се граничи со вулгарност, знаеше да ги искаже најдлабоките емоции – од општествени прашања до љубовни балади, кои влегоа во антологиите на музичката сцена во поранешна Југославија.

Во една прилика откри која од своите песни ја смета за најдобра. Станува збор за хитот „Погледај дом свој анѓеле“, песната со која „Рибља чорба“ ги завршуваше нивните концерти.

Станува збор за песна која се појави на албумот „Истина“ во 1985 година. Песната беше прогласена за хит на годината, а во 1995 година списанието „Стандард“ ја прогласи за хит на деценијата. Се смета за една од најдобрите песни на југословенската рок сцена, а и самиот Бора Ѓорѓевиќ во интервју за списанието „Рок“ ја избра оваа песна кога требаше да избере само една од сите што ги направил.

„Таа подразбира сè! Но, значи и една голема сатисфакција. Да не беше таа песна, немаше да постои ни ‘Рибља чорба’ Кога заминаа Бајага и Рајко, започна процесот на нашиот генерален погреб. Тоа беше и првата песна отсвирена од новата постава. Штом ја снимивме, знаев што имаме во рацете. Не погрешив во мојата проценка за нејзиното значење. Кога во ‘Југотон’ ми рекоа дека таа песна не може да се најде на плочата поради сто причини, јас цврсто реков: „Не доаѓа предвид!“. Си ја зедов назад и се вратив во ‘PGP RTB’ и тие ја прифатија, иако и тие се двоумеа. И денес после толку време уживам да ја пеам. Таа за мене претставува повеќе од песна и ја означува мојата пресвртница во пишувањето текстови“, изјави тогаш Бора Чорба.

Песната е именувана по истоимениот роман на Томас Волф , кој во своето дело ги опиша годините на американската криза, а како што рече Ѓорѓевиќ, песната ја напишал самиот.

„Песната ‘Погледај дом свој анѓеле’ е создадена на необичен начин, затоа што е напишана сама по себе. Одеше против мојата волја, сликите дојдоа сами, тоа не е најредовна рима, но така ми дојде. Ја пишував многу долго за да бидам целосно задоволен од секој збор. И тогаш песната го доби својот живот“, изјави своевремено музичарот во емисијата „Док анѓели спавају“.

Станува збор за песна која е критика на општеството и светот, а пејачот им се обраќа на „ангелите“ кои не сакаат да ги гледаат страшните работи што се случуваат околу нив.

Спотот за оваа песна беше објавен на Ем-ти-ви во 1987 година, како прв спот од Балканот, при претставувањето на најуспешните бендови во светот во тие години.

Слични објави

(Видео) Гоца Тржан откри каков е Јоксимовиќ кога се исклучени камерите: Тој многу се промени

Еспресо

(Фото) Жито и вино на трпезaта: Aна Севиќ го слави Свети Никола во својот дом, покажа каква домаќинка е

Еспресо

Жика Јакшиќ и Дајана повторно заедно по разводот: За малку ќе се расплачев

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во луксузниот стан на ќерката на Жељко Јоксимовиќ: Мина се иселила од вилата на нејзиниот татко вредна 2,5 милиони евра, а вака изгледа нејзиниот дом 

Еспресо

За 10 месеци оштините во Македонија потрошиле 961.000 евра на пејачи: Најмногу се опариле Северина и Јелена Розга со десетици илјади евра

Еспресо

Дарко Лазиќ се бори со вишок килограми, а сега откри дали повторно ќе го намали желудникот

Еспресо
Се вчитува....