07:37 - 6 април, 2026

„Бебенце, здраво!“: Стефанија Несторовска е повторно бремена!

Македонската блогерка Стефанија Несторовска, која стана популарна на социјалите мрежи со своите рецепти за здрава исхрана, ја сподели убавата вест дека повторно ќе стане мајка.

Таа и нејзиниот сопруг Стефан Алкалајлех станаа родители на ќерката Анастасија во март 2023 година, а сега нивното семејство ќе добие нов член.

Се чини дека Дубаи е значајна дестинација за оваа двојка. Да потсетиме, Стефан ѝ  приреди романтично запросување на Стефанија во медитеранскиот ресторан „GÅL“ во Дубаи, во 2022 година, а сега сега инфлуенсерката сподели низа фотографии од истата локација и го покажа трудничкиот стомак.

Фото: Инстаграм/Стефанија Несторовска

„Здраво бебенце“, напиша Несторовска во описот на фотографиите, на кои позира во фустан со животински принт.

Несторовска доби голем број честитки на својот инстаграм-профил, а меѓу оние кои ѝ искоментираа се инфлуенсерката Александра Шијакоска, пејачката Зои Блаж и планинарката Ирина Камилоска.

Фото: Инстаграм/Стефанија Несторовска

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....