6.8 C
Скопје
06:24 - 31 март, 2026

(Фото) Познатиот хрватски новинар итно опериран: Сподели морничава фотографија од болничкиот кревет

Познатиот хрватски новинар и водител на емисијата „Недељом у 2“, Александар Станковиќ, сподели на социјалните мрежи потресна фотографија од тешката повреда на раката поради која морал итно да биде опериран.

Имено, Станковиќ објави снимка од својата искривена рака, откривајќи дека повредата се случила пред три месеци, како и дека во меѓувреме успешно го поминал процесот на закрепнување.

– Вака изгледаше пред 3 месеци, а денес сè е во ред. Ја скршив раката (прва фотографија) и ме оперираа во Општата болница во Сисак на чело со д-р Абел Балашко. Раката заздрави и им благодарам што ја извршија својата работа професионално и со љубов – напишал Станковиќ во објавата.

Заедно со пораката за благодарност до лекарите, водителот покажал и фотографии од болницата, како и моментите по операцијата, кога започнал со рехабилитација.

Неговите следбеници веднаш се огласија во коментарите и му посакаа брзо и целосно закрепнување.

„Ова изгледа многу болно, ужасна повреда е“, „Држи се Ацо“, „Нема ни да прашам колку болело“, се дел од коментарите.

Да потсетиме, Станковиќ е еден од најпознатите телевизиски новинари во регионот, а емисијата „Недељом у 2“ со години се смета за еден од најгледаните формати за политичко интервју во Хрватска.

 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....