21:59 - 2 април, 2026

(Фото) Дали е можно Тамара Драгичевиќ да изгледа вака само 11 дена по породувањето?

Српската актерка сподели фотографија која ги остави сите без здив.

Српската актерска двојка Тамара Драгичевиќ и Петар Бенчина на 6 јули станаа родители по третпат, добивајќи го синот Борис. Сите се израдуваа на оваа вест, им посакаа многу среќа со новиот член на семејството, а Тамара и покрај обврските, пред сè, околу бебето, но и со ќерката Сташа и синот Лазар, успева да биде активна и на социјалните мрежи. Така, таа своите следбеници на Инстаграм ги израдува со фотографија која, едноставно кажано, шокираше многумина.

Тамара се породи на 6 јули, пред само 11 дена, а со оваа фотографија покажува дека изгледа како да не била ни бремена. Нејзината фигура е извонредна, а се прашуваме дали е тоа генетика, начин на живот со три деца или и исхраната и физичката активност. Но, она што може да се заклучи е дека Тамара изгледа како девојче.

Таа направила селфи фотографија во одразот на огледало, на која може да се види како позира во бела кошула и панталони со точки. Секако, Тамара повторно го покажала својот природен изглед без шминка.

Изгледот на Тамара е за 10-ка и за секаква мотивација!

 

Слични објави

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.

(Видео) Сама напиша преку 200 песни и режираше спот: Викторија Ефтимова со нов сингл, „Идеали“

apostolova

Ова сигурно не го знаевте! Бајага напишал голем хит за Весна Змијанац

Еспресо
Се вчитува....