12:57 - 7 април, 2026

Драма на бензинска пумпа, разбојник се заканувал со нож, во сè е вмешан и Аца Лукас

Српскиот фолк пејач Аца Лукас наводно во неделата го спасил работникот на бензинска пумпа кај Сремска Каменица кога околу четири часот наутро се појавил разбојник и наводно му се заканил со нож, пишува српски „Курир“.

Аца Лукас случајно се нашол на бензинска пумпа и веднаш помогнал кога влетал разбојник и му побарал пари на работникот. Сè се случило на патот Нови Сад – Сремска Каменица.

– Ноќеска, односно околу 4 часот утрово, разбојник дошол до пумпата и му се заканил на работникот со нож, барајќи да му го предаде целиот пазар. Случајно, токму во тоа време, наш познат пејач застанал на бензинската пумпа за да наполни гориво. Штом видел што се случува, интервенирал и успеал да го избрка разбојникот – тврди изворот на „Курир“ и додал дека никој не е повреден и дека разбојникот не успеал да ја ограби пумпата.

По повод грабежот се огласил и Аца Лукас.

– Бев на пумпата, не би зборувал понатаму на таа тема, оставете ја полицијата да си ја заврши работата. Благодарам – рекол Лукас за „Хајп“.

Слични објави

(Фото) Милица Тодоровиќ ја објави првата фотографија со синот Богдан: Го напуштија Белград, еве каде уживаат сега

Еспресо

(Фото) Најдобар татко на 4 деца: Сопругата не престана да го фали музичарот Папаз

msp-admin

(Фото) Нина Црнокрак доби важна титула, стана Мис тинејџерка на галаксијата 2026“, гордиот татко Мики се пофали

msp-admin

(Фото) Братот на Мина Наумовиќ е сон на многу жени

E.A.

(Фото) Отакако се омажи, Дани Димитровска го смени животниот стил

msp-admin

Хороскоп за 7 април: Раковите носат важна одлука од срце, Водолиите прават чекор кон слобода

Еспресо
Се вчитува....