6.8 C
Скопје
09:15 - 1 април, 2026

Бака Прасе ја покажа џиновската елка: За неа платил 1.500 евра, едвај ја сместил во станот вреден 2 милиони евра

Српскиот јутјубер Богдан Илиќ, познат како Бака Прасе, на социјалните медиуми се пофали дека купил нов имот од 300 метри квадратни, вреден 2 милиони евра.

Тој ќе живее во тој стан со својата девојка, инфлуенсерката Ања Благојевиќ, позната како Ања Бла, која сега на својот ТикТок сподели како ја украсила нивната „џиновска елка“, како што самата ја нарече.

Згодната инфлуенсерка откри дека ѝ биле потребни два дена да го украси дрвото, а во украсувањето на елката, таа имала помош од нејзината мајка и нејзиниот мачор Теди.

„За елката потрошивме нешто помалку од 1.500 евра. Самата елка чинеше 900 евра, а околу 500 евра беа за украси“, сподели Ања.

„Сѐ на сѐ, воодушевена сум и ова е најубавата елка што сум ја имала“, заклучила Ања.

Нејзиното видео е прегледано речиси 700.000 пати, а според коментарите на следбениците и тие се воодушевени од елката во домот на Ања и Бака Прасе.

@anjablaa10/10🎄♬ original sound – Anja

Слични објави

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....