6.8 C
Скопје
05:31 - 31 март, 2026

Ава Карабатиќ откри дека минува низ најтешките моменти во животот, го цитираше Трамп: „Се држам до овие негови изјави“

Хрватската старлета Ава Карабатиќ се огласи за здравствената состојба на нејзиниот татко Ивица. Тој во август заврши во болница поради срцева слабост, а сега Ава откри дека го чека операција.

Во својата објава таа го цитираше Доналд Трамп, кој стана 47. претседател на САД.

„Со голема болка и тага, но се држам до некои од изјавите на Трамп: ‘Губењето на битките е лесно: Ајде да ја добиеме војната’. Мојот татко само што дозна дека сите резултати му се негативни, го очекуваат пет операции. Срцето му е целосно оштетено и не се знае дали ќе преживее. Јас која секогаш се надевам на најдоброто, сега морам да бидам посилна од кога било“, напиша таа на својот инстаграм-профил, објавувајќи ја песната „Оздрави ми ти“ од Џибони.

 

Карабатиќ пред неколку месеци откри дека нејзиниот татко завршил во болница и објасни што му се случило.

„Татко ми моментално е во болница по претрпена срцева слабост. Ова се најтешките моменти за мајка ми и мене, сите знаете колку сум блиска со татко ми, а сега сум покрај него во овој тежок момент. Татко ми ми значи сè на светот – тој беше покрај мене дури и кога се соочував со сопствените демони. Мојата борба со алкохолизмот ме доведе до работ, но со неговата поддршка и љубов успеав да најдам сила да продолжам“, објасни Ава.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....