07:45 - 6 април, 2026

Анастасија Ражнатовиќ за животот во Шпанија: „Бев приморана да го правам ова, но сега…“

Свеќрвата на пејачката Анастасија Ражнатовиќ, Оливера Гудељ, во последно време е честа тема во медиумите. Иако ретко се појавуваат заедно на јавни настани, а уште поретко објавуваат заеднички фотографии, што предизвикуваше шпекулации за можни затегнати односи, Анастасија се присети низ што поминала по преселбата во Севиља.

На финалето на „Ѕвезди на Гранд“, каде што беше гостинка кај мајка ѝ Цеца, раскажа како ѝ е во бракот, но и што ѝ било најтешко:

„Кај нас ништо не се смени ни пред, ни по потпишување на документите. Животот во Шпанија е совршен, најмногу ми недостига семејството, но самата земја многу ми се допаѓа. Единствената разлика е што не морам веќе да читам преводи“, изјави Анастасија и додаде:

„Бев приморана да учам шпански бидејќи таму никој не зборува англиски, па така и научив. Не ми беше тешко – имав основа од теленовелите што ги гледавме како деца, а малку шпански учев и во училиште, па ми се врати“.

Планира, бидејќи го совладала јазикот, наскоро да аплицира и за шпанско државјанство.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....