19.8 C
Скопје
18:19 - 8 октомври, 2026

Ана Николиќ му се закани на Раста поради песните со Сека Алексиќ, пејачката веднаш ѝ возврати

Објавата на новиот албум на Сека Алексиќ, направен во соработка со Стефан Ѓуриќ – Раста, предизвика вистинско внимание на естрадата, а меѓу првите што реагираа беше поранешната сопруга на реперот, Ана Николиќ.

Специјално за овој проект, Раста подготви осум нови песни за Сека, од кои две се дуетски. Поради тоа, Ана во свој препознатлив и духовит стил му испрати јавна „закана“ на својот поранешен сопруг:

„Ми се допаѓа нивниот енергетски склоп и искрено би го критикувала поранешниот сопруг доколку не направеше вака добри песни за ѕвезда од калибарот на Сека. Одбројувам до 12 часот да видам дали нешто згрешил… Според Раста имав милост, но ќе му објаснам како се меша црна и златна ако на албумот на Сека не го дал својот максимум. Подобро да ме одушеви барем онолку колку што верувам во спојот на нивната енергија“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Nikolić (@ananikolicofficial)

Поп-пејачката Сека Алексиќ не остана рамнодушна на овие зборови, па под објавата на Ана кратко ѝ прокоментира со емотикони од три црвени срца.

Покрај тоа, Сека отворено изрази благодарност до Раста за огромниот труд, откривајќи дека реперот дури го одложил излегувањето на сопствениот албум за целосно да се посвети на нејзиниот нов музички проект.

Слични објави

„Ми должат песна, јас ја платив“: Надица Адемов проговори за караницата поради Рада Манојловиќ и за колешката која му пишувала на нејзиниот сопруг

E.A.

Промотивни цени во Клиника „Жан Митрев“: Промотивна остеодензитометрија по повод Светскиот ден на остеопорозата

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ привлече внимание со необична објава: „Љубовта за која си мислел дека е искрена ќе те напушти“

apostolova

(Фото) Жешко издание во долна облека – поранешната Мис Хрватска, Лаура Гњатовиќ, позираше за „Викторијас сикрет“

Еспресо

Бојана Тевчева повторно застана пред ТВ-камерите

Еспресо

(Фото) Нина Бадриќ објави селфи со Ејсап Роки: Ријана, јас го сфатив пред тебе

Еспресо
Се вчитува....