11.8 C
Скопје
10:40 - 28 октомври, 2026

„Ми должат песна, јас ја платив“: Надица Адемов проговори за караницата поради Рада Манојловиќ и за колешката која му пишувала на нејзиниот сопруг

Фолк-пејачката Надица Адемов гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“, каде што отворено зборуваше за естрадните калкулации, откривајќи како песна што таа веќе ја платила завршила кај нејзината колешка Рада Манојловиќ.

Пејачката објасни дека нумерата ја купила уште пред да забремени, но додека била на пауза поради бременоста, композиторите без нејзино знаење и ја препродале на Рада. Сепак, Адемов истакна дека нема никаков проблем со колешката, туку исклучиво со авторите:

„Вистината е дека песната беше купена. Забременив и имав пауза, а тие ниту ме побараа да прашаат дали сум и понатаму заинтересирана, туку едноставно ја објавија песната. Ги повикав композиторите и им реков дека ова не е во ред и дека ми должат песна. На Рада ѝ посакувам сè најдобро, таа нема поим за ова и нема никаква врска со ситуацијата — ова е проблем меѓу мене и авторите“.

Покрај спорот околу песната, Надица се осврна и на личниот живот, откривајќи дека нема намера да ѝ прости на колешката која му испраќала пораки на нејзиниот сопруг Дамир:

„Не ми паѓа на памет да ѝ го откријам името. Таа девојка е тотално небитна во мојот живот, а прошка за тоа — никогаш“.

Слични објави

Салеп како од старите слаткарници — четири рецепти за најубавиот топол напиток во студените денови

К.С.

(Видео) Тино Костадиновски ја омажи сестра си — актерот расположен на свадбата, Влатко Миладиновски ја крена атмосферата

К.С.

Дневен хороскоп за 28 октомври: Не ветувајте повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

(Фото) Ксенија Николова се врати во маалото каде што пораснала: „Мислев дека овој парк е целиот свет“

К.С.

Реља првпат проговори за венчавката со Николија: Откри кој го направил првиот чекор кон бракот

Еспресо

Јована Јеремиќ ги спакува куферите и ја напушти Србија: Водителката откри каде отпатувала

Еспресо
Се вчитува....