03:35 - 7 април, 2026

Ален Исламовиќ за семејството: „Бракот ми трае 40 години и ништо не може да нè размрда“

Српскиот пејач Ален Исламовиќ е една од оние јавни личности кои секогаш успеаат да го сокријат приватниот живот далеку од очите на медиумите.

„Мило ми е што го спасив семејството од сите удари. Сега сум на возраст кога бракот ни созреа, имаме деца и внуци. Секој може сè да напише, никој ништо не ни може“, рече Исламовиќ, кој е во брак 40 години.

На прашањето што е најважно во еден брак, тој одговори: „Довербата. Тоа е најважно“.

Пејачот претходно изјави дека поради големата кариера не поминувал многу време со ќерките, но сега ужива да ги гледа неговите внуци како растат. Тимот на српскиот портал „Нова“ го праша дали неговите внуци се свесни за популарноста на нивниот дедо.

„Свесни се. Најстариот внук има осум години, имаше маскенбал во училиште во Загреб и се маскираше како мене од осумдесетите години, баба му му купи перика за да има долга коса. На пријателите им велеше: ‘Знаете кој сум јас? Јас сум мојот дедо, Ален Исламовиќ!“.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....