7.8 C
Скопје
19:55 - 12 март, 2026

Ацо Пејовиќ завршил во болница по концертот на Прија: Пејачот ги откри деталите од агонијата низ која поминал

Фолк ѕвездата Ацо Пејовиќ проговорил за концертот на Александра Пријовиќ, плановите за следната година, но и за познатиот бакшиш што не го земал на забавата на Џани и Слаѓа.

Самата Александра за време на гостувањето на Пејовиќ во Загреб откри дека се чувствувал многу лошо, а тој сега откри дека завршил во болница по концертот.

– Морам да признаам дека пред четири-пет дена бев многу лошо. Тоа се почувствува на концертот на мојата кума во Загреб. Седум дена бев во Америка, се пееше ден за ден, договорено малку глупаво. Не го обвинувам менаџерот, но така испадна. Потоа одев секаде, кај кумата ми беше многу тешко да се качам на сцената. Едвај ги издржав тие три песни како гостин, по што завршив во болница – изјавил Пејовиќ.

Вели дека бил на инфузии, а веќе следниот ден по гостувањето кај Пријовиќ имал концерт во Риека кој сакал да го откаже.

– Бев на инфузии, сакаа да ме задржат. Едноставно бев уморен. Следниот ден имав концерт во Риека, по четвртата песна сакав да престанам. Морав добро да се одморам по концертот.

Пејовќ ги откри и плановите за следната година, а како што вели, за следната година планира нешто многу големо. Тој откри и дека Јоксимовиќ работи на нова песна за него, која сѐ уште ја чека, за да го комплетира албумот.

Слични објави

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.

(Фото) Повеќе од 50 милони! Луна Ѓогани се пофали со својот голем успех по враќањето од Малдивите

Еспресо

Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13

Еспресо
Се вчитува....