8.8 C
Скопје
09:44 - 31 март, 2026

(ВИДЕО) Силвестер Сталоне не сакаше „Крид 3“ да стане трилер, сепак заработи вртоглави над 100 милиони долари за 4 дена

Првичните оценки за новото продолжение на успешната спортска драма за Адонис Крид се исклучително позитивни, иако овој филм – „Крид 3“ (Creed III) e без легендарниот „Роки“ т.е. без Силвестер Сталоне.

Со светска заработка од над 100,4 милиони долари за четири дена, „Крид 3“ го собори рекордот во однос на претходните делови и нивните премиерни викенди.

Во „Крид 3“, името на Роки се спомнува неколкупати, но не се објаснува што му се случило. Во што е суштинскиот проблем? – Сценариото на крајот било многу мрачно и сега веќе наликува на трилер, а не на спортска драма. Сталоне никако не се согласил со тоа.

– Тоа е многу тажна состојба затоа што многу добро знам како можеше да испадне овој филм. Тие го однесоа во сосем поинаква насока отколку што јас би ја одредил. Филозофијата на Џордан и неговите сценаристи е сосем поинаква. Им посакувам сѐ најдобро, но јас сум сентиментално момче. Сакам моите херои во филмовите да се тепаат, но не сакам да бидат мрачни. Мислам дека на луѓето им е доста од мрачни нешта, изјави Сталоне во една прилика.

Слични објави

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova
Се вчитува....