7.8 C
Скопје
09:23 - 31 март, 2026

(ВИДЕО) По 107 години се пронајдени остатоците од бродот „Ендуранс“, изгубениот брод на истражувачот Шеклтон

Ендуранс, изгубениот брод на истражувачот на Антарктикот, сер Ернест Шеклтон, е пронајден за време на викендот на дното на Веделовото Море.

Бродот бил уништен по судир со санта мраз и потонал во 1915 година, принудувајќи ги Шеклтон и неговиот екипаж да го напуштат со мали чамци.

Видеоснимката од остатоците на бродот покажува дека „Ендуранс“ е во прилично добра состојба. Иако повеќе од еден век се наоѓа на длабочина поголема од 3.000 метри под површината на водата, тој изгледа исто како на денот кога потонал. Дрвото е сѐ уште во добра состојба, а името „Ендуранс“ е јасно видливо.

Њујорк Тајмс ова откритие го нарече „едно од најголемите во историјата“.

„Без никакво претерување, ова е најдобриот дрвен брод што некогаш сум го видел. Исправен е, гордо стои на морското дно, недопрен и добро сочуван“, изјави Менсун Баунд за ББЦ Њуз, морскиот археолог кој беше присутен во експедицијата што го откри бродот и ја исполни својата амбиција во кариерата долга 50 години.

Проектот за наоѓање на изгубениот брод привлече големо внимание. Водачот на мисијата, поларниот географ д-р Џон Ширс, го опиша како неверојатен моментот кога камерите се спуштиле на бродот.

„Откривањето на овие остатоци е неверојатно откритие. Успешно ја завршивме најтешката потрага, борејќи се со постојано променливиот морски мраз, бурите и температурите што паѓаа под 18 степени Целзиусови. Го постигнавме она што многумина го сметаа за невозможно“ – рече д-р Џон Ширс.

„Ендуранс“ бил забележан во Веделовото Море на длабочина поголема од 3.000 метри. Повеќе од две недели подморниците го прегледувале дефинираното подрачје на потрагата пред да ја откријат руината во саботата, на стогодишнината од смртта на Шеклтон.

Според меѓународниот договор за Антарктик остатоците на „Ендуранст“ се прогласени за споменик и не смее да се преземаат никакви активности поврзани со нив. Поради тоа никакви артефакти не се извадени на површината.

Слични објави

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova
Се вчитува....