10.8 C
Скопје
11:48 - 18 март, 2026

Украинската тиктокерка Андријана Кулчицка на Инстаграм – „ДОСТА, ВЕ МОЛАМ, ДОСТА!“

Украинската тиктокерка Андријана Кулчицка испушта крик на Инстаграм, отворено осудувајќи ги акциите на Путин и тековната војна во Украина.

Никој не може да остане рамнодушен на ова што се случува во Украина, но секако украинскиот народ е тој што во моментов најмногу страда од континуираното бомбардирање под водтство на претседателот на Руската Федерација Владимир Путин.

По емотивните реакции на актерката Ана Сафрончик и спортистката Анастасија Кузмина; на Инстаграм се огласи и пополарната украинска тиктокерка Андријана Кулчицка.

23 годишната Украинка Андријана Кулчицка се прослави на Тик Ток (добро позната социјална мрежа особено меѓу помладите), кога во екот на ковид-пандемијата почна да објавува видео рецепти.

Меѓутоа, во последните неколку часа, Андријана Кулчицка на својот Инстаграм профил се изјасни против Путин и тековната војна во нејзината земја: „Киев по кој чекорев стана урнатини. Моите пријатели веќе трет ден се во бункери и се плашат да заспијат во очекување од нови напади“.

Тиктокерката отворено прозборе и за нејзините лични стравови за членовите на нејзиното семејство кои избрале да останат во својата татковина наместо да побегнат:

„Моето семејство одбива да избега од Украина и да ги напушти своите домови и својата земја. Тие претпочитаат да умрат таму“.

Понатаму, таа продолжува: „Момчињата со кои студирав, ја бранат својата слобода, распоредени на најстрашните места, на кои руските војници безмилосно испукаа проектили. Имаат 20 години. Доста е, ве молам, доста!“ – завршува таа во објавата.

 

Слични објави

Шок во емисијата: Сања Вучиќ откри како се вика нејзиното момче и го изненади Огњен Амиџиќ

Еспресо

Куркумата е многу здрава, но во овие пет случаи не смее да се користи

Еспресо

(Фото) Наде Телевска во најсекси издание: Ослабе и комплетно се промени

Еспресо

Не го преболела: Николина Пишек со трогателен гест за покојниот сопруг

Еспресо

(Фото) Дани „раскомотена“ на масажа, без трошка шминка

Еспресо

Харис Џиновиќ станал познат на среќа, му се паднало „бинго“

Еспресо
Се вчитува....