Славна по гастронимијата, прочуена по колоритноста на малите градови и селца, преубавите песочни плажи и чистото море, Сицилија е идеална дестинација за активен одмор. А доколку сте од оние среќници кои ќе ја посетат Сицилија, еве 12 нешта што вреди да ги направите.
1.Разбудете се како вистински Сицилијанец со појадок кој вклучува бриош со гранита.
2.Поминете барем еден цел ден уживајќи во долчевитата на прекрасната Таормина.
3.Дозволете си го најслаткото задоволство – колачето Каноло сичилијано
4.Нарачајте кафе во Бар Вители во селото Савока кадешто Вито Корлеоне од филмот „Кум“ тоа го правеше.
5.Посетете го барокниот плоштад во Палермо познат како Кватро канти.
6. Посетете го малото гратче Чефалу, едно од најживописните во Италија.
7.Уплатете винска тура – дегустирајте и уживајте во секоја голка на виното и неговото спарување со гастрономијата.
8.Гледајте претстава онаму каде што театарот е роден – амфитеатарот во Сиракуза.
9. Искачете ги најколоритните скалила во светот Санта Марија дел Монте и посетете ги локалните продавнички за керамика.
10. Пробајте капоната – најпопуларни се со модар патлиџан.
11. Изедете барем едно аранчино во Палермо.
12. Пробајте го сладоледот во „Џелато Месина“ во Месина. Ги буди сите сетила.