-4.2 C
Скопје
02:46 - 23 декември, 2024

За првпат во историјата се одржа виртуелна Мет гала (ФОТО+ВИДЕО)

Целиот свет е на удар од пандемијата на коронавирусот, а голем удар заработија и различните бизниси во светот. Како што се очекуваше, и модната индустрија наиде на голем предизвик, но мора да признаеме дека засега големите модни настани прилично вешто се усогласија со новата ситуација.

Откако Лондонската модна недела го објави своето дигитално издание, очекувано беше и големата Мет гала да се претстави во сличен тон.

Еден од најважните модни настани, њујоршката Мет гала под диригентската палка на Ана Винтур, за жал годинава не се случи во својата класична форма. Гламурозниот црвен килим и sвездите кои носат убави и екстравагантни тоалети немавме можност да ги проследиме како и секоја година.

принтскрин

Мет Гала се одржа синоќа, но во малку поинаква реалност, се разбира, виртуелната.

Темата на годинешната Мет Гала беше „About Time: Fashion and Duration“ со фокус на модната цикличност и промените во последните 150 години. Освен минатото, се сумираа и сегашноста и иднината и се претскажуваше и заклучуваше што се променило, што останува исто и што допрва доаѓа.

Ендру Болтон, кустосот на оваа одлична изложба, посочи дека модата неоспорно е асоцијација на времето, но и синергија на минатото, сегашноста и иднината. Делови од „About Time: Fashion and Duration“ поставата се достапни и онлајн и можете да ги погледнете во секое време, што секако го препорачуваме, бидејќи станува збор за исклучително визуелно претставување на модата, кое без сомнение е многу интересно и интригантно.

View this post on Instagram

Time travel through 150 years of fashion ⏳ ⁣ While we will miss celebrating “About Time: Fashion and Duration” on the First Monday in May, we invite you to experience the temporal twists and turns of fashion history and preview some of the looks in the exhibition. Click the link in bio to view the full video. // Dinner dress, Mrs. Arnold (American), ca. 1895; Brooklyn Museum Costume Collection at The Metropolitan Museum of Art, Gift of the Brooklyn Museum, 2009; Gift of Sally Ingalls, 1932 (2009.300.643a, b). Ensemble, Comme des Garçons (Japanese, founded 1969), fall/winter 2004–5; Courtesy Comme des Garçons. Photo © Nicholas Alan Cope, Animation by 2×4 #TheMet #CostumeInstitute #MetAboutTime

A post shared by The Costume Institute (@metcostumeinstitute) on

Како што споменавме претходно, со оглед на тоа што самиот настан беше откажан, неговата виртуелна варијанта се одржа синоќа во исто време како и вистинскиот бал, па така во 18 часот се означи почетокот на најгламурозната, овој пат, дигитална, њујоршка модна приказна.

Ана Винтур преку лајфстрим и се обрати на публиката, додека пак „Florence + The Machine“ и дизајнерот Виргил Аблох беа одговорни за забавниот дел од програмата. И покрај недостатокот на црвен тепих со впечатливи тоалети, овој потег наиде на одобрување и надеж дека моменталната ситуација што поскоро ќе се реши и ќе поттикне Мет гала следната година да заблеска во досега најголем сјај.

Да се потсетиме како изгледаше гламурозната Мет Гала неколку години наназат…

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....