17:58 - 8 април, 2026

Прочитајте пред да одите на шопинг: Најчести грешки што ги правите при купување

Не постои личност која барем еднаш не се покајала , бидејќи непотребно „ги фрлила“ парите на парчиња облека за кои подоцна се испоставило дека воопшто не ѝ одговараат. За во иднина да не ги повторувате истите грешки, еве на што да внимавате:

– Никогаш не купувајте нешто што не ви стои само затоа што цената е двапати пониска од реалната, особено ако не сте сигурни дека тоа парче навистина ќе го износите;

– Колку и да сте воодушевени од некои чевли, ако не ви се удобни, не ги купувајте. Побарајте други во кои на нозете и во моментот кога ги пробувате ќе им биде пријатно;

– Не купувајте набрзина, бидејќи така најверојатно ќе купите работи кои никогаш нема да ги облечете;

– Жените често грешат кога сакаат да искомбинираат чевли кои веќе ги имаат со фустан што сакаат да го купат. Затоа задолжително кога купувате фустан понесете ги чевлите што сакате да ги носите во комбинација со него, бидејќи може да се случи комбинацијата на крај да не излезе онаква каква што сте ја замислиле.

Слични објави

Велигденски хит – рачно изработени свеќи што ќе ви го разубават домот

Еспресо

Целта на Артемис 2 е трајно присуство на човекот на Месечината – што би значело тоа за човечкото тело?

Т.Ц.

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....