07:34 - 6 април, 2026

Ортопедите советуваат што мора да правите за да имате здрави зглобови

Не смееме да си дозволиме ден без движење и недела без тренинг. Зглобовите остануваат здрави ако се користат редовно, советуваат ортопедите.

Прочитајте ги нивните совети:

Под секојдневно движење се мисли на одење или возење велосипед како и утринско истегнување со кое се задржува подвижноста на зглобовите и во голема мера го олеснува движењето тој ден. Покрај тоа, потребно е барем двапати неделно зглобовите да се подложат на посилно оптоварување. Важно е оптоварувањето да биде редовно и соодветно на телесната состојба. Можностите се безбројни: трчање, кревање тегови, колективен спорт со топка, танцување, рекреативни групи, возење велосипед, нордиско одење.

Ортопедите, исто така, напоменуваат и дека е потребно да се крене нивото на „добриот“ холестерол (ХДЛ), што се постигнува со јадење храна богата со омега-3 масти: маслиново масло, сина риба, ленено семе. Покрај овие намирници, потребно е да се спомене и ѓумбирот. Постојат истражувања што докажале дека кај пациенти со остеоартритис на колената, секојдневното консумирање на овие производи довело до намалување на болките.

Постојат различни причини за заболување на зглобовите. Кај ортопедскиот преглед може грубо да се поделат пациентите во две групи: повреди – акутни состојби и артроза – дегенеративни оштетувања на зглобовите. Во двете групи, најзастапен е зглобот на коленото. Тука многу често доаѓа до повреди, кои ја зголемуваат веројатноста за развој на артроза. Вкоренето е мислењето дека повредите се резервирани за помладата и поактивната популација, додека артрозата ја погодува постара група на пациенти. Меѓутоа, кај ортопед бараат помош сè повеќе пациенти во триесеттите години со многу сериозно оштетување на зглобовите. Покрај коленото, потребно е да се спомнат повредите на глуждот и на стапалото, кои редовно се запоставуваат и несоодветно се лекуваат.

 

Слични објави

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо
Се вчитува....