21:22 - 9 април, 2026

Науката одлучи! Принцезата Дајана е најубавата благородничка на сите времиња

Принцезата Дајана е најубавата благородничка на сите времиња, бидејќи нејзиното лице најмногу се поклопува со грчкиот „златен пресек“.

Се верува дека совршеното лице е она што е сосема симетрично, односно на кое двете страни му се потполно еднакви.

Оваа формула на убавина вклучува доста математика и прецизни податоци. Колку што се посиметрични страните на лицето, толку личноста се смета за поубава. Многу ренесансни уметници како Да Винчи, Микеланџело и Рафаело го користеле златниот пресек за да постигнат рамнотежа и хармонија во своите дела.

Оддалеченоста меѓу линијата на челото и дното на брадата треба да се подели на три еднакви дела.
Постојат уште некои пропорции кои можат да влијаат на привлечноста – на пример, ширината на очите треба да биде еднаква на растојанието меѓу очите.

Докторот Хулија де Силва ги проучувал лицата на благородничките и според неговите резултати, принцезата Дајана е најблиску до совршенството.

Принцезата Дајана/Profimedia

По неа следат јорданската кралица Ранија и покојната Грејс Кели од Монако.

Кралицата Ранија/Инстаграм

 

Кралицата Ранија од Јордан/EPA-EFE/AMEL PAIN

Меган Маркл и Кејт Мидлтон се на четвртото и петтото место.

Меган Маркл/Profimedia

„Дајана, Меган и Кејт се многу убави жени. Но кога нивните лица ќе се споредат со грчкиот златен пресек, Дајана се искачува на врвот“, рекол Да Силва за Дејли мејл.

Кејт Мидлтон/Профимедиа

Појаснил дека Дајана добила најголем број бодови поради обликот на лицето, ширината на носот, подрачјето околу веѓите и челото.

Принцезата Дајана/Profimedia

„Најлошо поминаа нејзината брада и усните. Усните и се тенки и имаат лош облик, а брадата и е помала од класичниот облик отколку кај другите жени“, рекол тој.

Грејс Кели/Профимедиа

Ранија е најубавата жива благородничка, а голем број бодови и донеле брадата и усните. Сепак изгубила бодови на носот и подрачјето околу веѓите.

Како и кај Дајана и кај Грејс Кели „проблематична“ била брадата, додека нејзините очи биле скоро совршени.

Грејс Кели/Profimedia

Иако не доби најголем број бодови, Меган Маркл има „преубава симетрија на лицето“, тврди Да Силва и додава дека таа е најблиску до грчкиот поим за убавина.

Кејт добила бодови на растојанието меѓу носот и устата и растојанието меѓу очите, а ги изгубила на обликот на брадата.

Слични објави

Велигденски хит – рачно изработени свеќи што ќе ви го разубават домот

Еспресо

Целта на Артемис 2 е трајно присуство на човекот на Месечината – што би значело тоа за човечкото тело?

Т.Ц.

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....