-2.2 C
Скопје
07:41 - 23 декември, 2024

Коронавирусот нема да ви може ништо ако земате витамини со храната

Силниот имунитет е важен во борбата против коронавирусот. Само силен организам може да се спротивстави на оваа болест, која не избира кого ќе нападне. Короновирусот коси по светот, а покрај заштитните мерки, многумина одлучија да се „заштитат“ така што со витамините и суплементите ќе го зајакнат имунитетот.
Освен што ќе ја збогатите вашата исхрана со нив, вие и ќе се заштитите. Еве за кои витамини станува збор:

Витамин Ц

Досега многупати сме слушнале колку витаминот Ц е важен за нас и тоа со вистинска причина. Овој витамин е најголемиот двигател на имунолошкиот систем и заштитник на организмот. Ако го внесувате во доволни количини, телото ќе ви биде благодарно.

Најмногу можете да го најдете во овие плодови: портокали, грејпфрут, мандарини, пиперки, спанаќ, кељ и брокула.

Витамин Б6

Витаминот Б6 е важен за поддршка на биохемиските реакции во имунолошкиот систем. Храната богата со витамин Б6 вклучува пилешко и мисиркино месо, туна, млеко, сирење, грав, спанаќ, моркови, семки од сончоглед, интегрални производи. Витаминот Б6 се наоѓа и во зелениот зеленчук и во леблебијата.

Витамин Е

Витаминот Е е моќен антиоксидант што му помага на телото да се бори против инфекциите. Со доволен внес ќе го зајакнете имунитетот до максимум. Плодови богати со витамин Е се оревите, семките и спанаќот.

Натуропатот и нутриционист Белинда Киркпатрик објаснува кога е најдобро време за поединечен витамин.

Наутро

Наутро би требало да земате витамини од групата Б.

Постојат осум вида витамин Б и сите помагаат во производството на енергијата, на функционирањето на мозокот, влијаат врз расположението, важни се за силни нокти и коса.
За да бидете добро расположени во текот на целиот денот и за да имате енергија, земајте ги овие витамини наутро.

Мултивитамините се, всушност, мешавина од важни витамини и минерали, а во нив обично има и Б витамин. Поради оваа причина најдобро е да ги консумирате наутро. Освен тоа, ако ги испиете по појадокот, вашето тело подобро ќе ги искористи.

Пробиотиците треба да се земаат наутро, бидејќи влијаат на работата на цревата, како и на расположението. Најдобро е да ги внесувате пред појадокот за подобра апсорпција, велат нутриционистите.

Навечер

Ако земате магнезиум, би требало да го пиете навечер. Нутриционистите советуваат овој суплемент да го земате во вечерните часови за да спиете подобро.

Најдобар начин да го внесете витаминот Д е да бидете изложени на сончевата светлина, но доколку земате додатоци, нутриционистите велат дека е подобро да земате витамин Д3, кој најдобро се апсорбира ако го пиете со вечерата.

Бонус совети

Натуропатите и нутриционистите советуваат да не ги земате витамините и минералите на своја рака, туку во консултација со лекар.
Освен тоа, се препорачува да не ги земате заедно железото, калциумот и цинкот, бидејќи на телото му е тешко да ги апсорбира сите одеднаш.

Витамините што се растворливи во масти (А, Е, Д и К) најдобро можат да се искористат кога се внесуваат со храната, а витамини растворливи во вода (витамини Б и Ц) најдобро е да се земаат пред или по оброкот.

Најдобро би било на телото да му обезбедите доволна количина од овие витамини преку храната, но ако не го постигнете тоа, суплементите ќе ви бидат од корист.
Покрај ова, обидете се да останете физички активни. И 15 минути активност ќе бидат доволни, велат лекарите.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....