06:08 - 8 април, 2026

Хигиенски грешки кои луѓето најчесто ги прават

Можеби ќе се изненадите откако ќе сфатите дека некои работи цел живот ги правите погрешно, кога е хигиената во прашање.

Поради ова, порталот Bright Side ги наведува најчестите хигиенски грешки коишто ги прават луѓето:

Се туширате премногу често

Можеби звучи чудно, но според некои истражувања, туширањето може да ја оштети кожата што ќе доведе до полесно пробивање на бактериите во ткивото на кожата. Затоа, доволно е да се туширате само еднаш во текот на денот.

Не ги миете рацете пред да одите во тоалет

Бактериите се присутни во целиот дом, не само во тоалетот. Тоа значи дека доколку не сте ги измиле рацете подолго време, имате бактерии на нив. Затоа, пред да ги допрете интимните делови од телото, треба да ги измиете рацете. Секако, се подразбира дека треба да ги измиете рацете и откако ќе одите во тоалет.

Спиете на иста перница подолг временски период

Перниците се рај за бактериите. Ова е уште една честа причина за појави на проблеми со лицето. Се препорачува секоја недела да ја перете вашата перница на температура којашто не е пониска од 55 степени.

Слични објави

Целта на Артемис 2 е трајно присуство на човекот на Месечината – што би значело тоа за човечкото тело?

Т.Ц.

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо
Се вчитува....