5.8 C
Скопје
05:29 - 19 март, 2026

Господарка на тетоважите: Има 103 години и е мајстор за тетовирање

Ако сакате да стигнете до рацете на најстариот живописен уметник за тетоважи треба да тргнете на долго патување. Не само до главниот град на Филипините, Манила, туку на уште 15 часа јужно, до планинското село Бускалан, каде што живее Вханг-од.

Таа станува секој ден во зори, да го измеша специјалното „мастило“. Потоа со стапче од бамбус ги втиснува сликите во кожата на оние што се осмелиле да патуваат во Бускалан.

Рачно изработеното мастило се притиска длабоко во кожата со помош на трње и бамбус. Секој дизајн има свое значење, од едноставни форми до племенски симболи или цртежи на животни.

Вханг-од потекнува од племето Бутбут, легендарна група племенски воини, кои биле познати по својата храброст и немилоста кон луѓето што се обидувале да ја преземат нивната земја. Во никој случај не се предавале.

Овие тетоважи започнале како еден од начините за воините на Бутбут да им оддадат почит на своите мртви.

Цртањето по женското тело се сметало за нормален начин на уметничко изразување, па Вханг-од се сеќава како нејзините пријателки и ги тетовирале рацете и нозете, а на 15-годишна возраст започнала да учи како да тетовира други.

Не е лесно да се одржи традицијата на древното тетовирање. Посебен проблем е тоа што во културата на која припаѓа Вханг-од, можете да ги пренесете уметничките знаења само на роднина по крв.

Бидејќи оваа уметница нема деца, почнала да ја учи својата правнука, пренесува порталот The Mind Unleashed.

Слични објави

Со само две состојки ослободете се од непријатниот мирис по готвењето

Еспресо

Што мислите, колку пати луѓето вистински се вљубуваат во текот на животот?

Еспресо

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13

Еспресо

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо
Се вчитува....