01:48 - 8 април, 2026

ФОТО: Генијалните оброци на самохраната мајка со две деца го воодушевија Инстаграм – Покреативни јадења сигурно не сте виделе!

Една мајка дошла до одлична идеја како на своите деца да им го поправи расположението, да им го отвори апетитот и да ги израдува секој пат со нов креативен оброк, а нејзините оброци станаа вистински хит на интернет.

Самохраната мајка Џејн Хилперт (47) од градот Ипсвич во Велика Британија одлучила да ги радува своите деца ќерката Луелу (11) и синот Томас (7) со секој нејзин оброк.

Имено, таа својата креативност ја претворила во генијални оброци, а тема најчесто и биле Ноќта на вештерките, еднорози, Божиќ (нормално во последниов период), а инаку им правела и оброци со природа, животни, детски ликови од цртаните и сл.

„Беше ова исклучително тешка година за сите деца. Сакав да им измамам насмевка на лицето на своите деца со цел да знаат дека постојано мислам и се грижам за нив“, изјави таа, и додаде дека секогаш се труди во оброците да додаде овошје и зеленчук со цел децата да се хранат поздраво.

За среќа е потребно малку… браво, браво, браво мама!

Слични објави

Целта на Артемис 2 е трајно присуство на човекот на Месечината – што би значело тоа за човечкото тело?

Т.Ц.

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо
Се вчитува....