2.8 C
Скопје
00:17 - 23 ноември, 2024

Епидемиолозите одговараат на прашањата во врска со заштитата од вирусот

Македонија влезе во првата фаза на нормализирање на животот и работата, па сега треба да се обрне уште поголемо внимание на заштитата од заразата со ковид-19. Бидејќи сознанијата за коронавирусот, за неговите последици и за начините на ширењето постојано се менуваат, епидемиолозите одговараат на прашањата во врска со заштитата од вирусот, кои си ги поставуваме секој ден.

Дали треба да се пере облеката по враќање од продавница или од работа?

Епидемиолозите сметаат дека препорачаните мерки треба да бидат практични и одржливи. Затоа, со оглед на тоа дека сѐ уште не е забележан пренос на ковид-19 преку облека, тие сметаат дека е пожелно да се пресоблечеме по враќањето дома, но „надворешната“ облека не е неопходно веднаш да се испере. Поважно е по пресоблекувањето, хигиенски да се измијат рацете.

Колкав е ризикот вирусот да се задржи на брадата и дали треба да се истушираме по доаѓањето дома?

Во зависност од ситуацијата (на пример, во ризични простории), може да се размисли и за туширање по враќањето дома. За мажите со брада, по хигиенското миење на рацете, би требало да ги измијат и лицето и брадата.

Дали треба пратките што пристигнуваат преку пошта да се стават во карантин?

Со оглед на тоа дека сѐ уште нема докази за пренос на коронавирусот преку пратки, нема потреба за ставање на поштата во карантин ако се придржувате кон препораките за хигиена на рацете, односно по отворањето на пратката, пакувањето веднаш да се фрли, и без допирање на лицето, рацете хигиенски да се измијат.

Дали може коронавирусот да се пренесе преку прелистување весници?

Во светот не е забележан ниеден случај на зараза со коронавирус преку весници. Единствено упатство е дека ова е вистинска можност да се ослободиме од навиката на лижење на прстите додека ги прелистуваме весниците, што во кои било услови е непрепорачливо и нехигиенски.

Како да постапиме кога ќе ги донесеме производите од продавница? Дали треба да ги дезинфицираме?

По пазарувањето, нема потреба сите пакувања да се дезинфицираат, бидејќи повеќето намирници се ставаат во некој простор каде што со текот на времето потенцијалните вируси ќе исчезнат.

Намирниците што имаме намера да ги користиме во наредните два-три дена, исто така не треба да се дезинфицираат, но треба да се измијат рацете откако ќе ги допреме.

Секако, треба да се придржуваме до добрата хигиенска практика во постапувањето со храна, т.е. хигиенско миење на рацете, одржување на работните површини, топлинска обработка на плодови што се јадат сурови, избегнување на прекрстена контаминација и добро миење на храната што се јаде свежа (овошје и зеленчук).

Дали треба да се дезинфицира работната површина откако ќе ги распакуваме донесените намирници од продавница?

Работните површини треба редовно да се одржуваат (чистење и дезинфицирање по потреба), па така и по раскревањето и распакувањето на купените намирници. Работната површина треба да се исчисти со детергент и со вода, а ако таа е видливо чиста, да се пребрише со дезинфициенс. Секако, по сето наведено, рацете мора темелно да се измијат.

Дали високи или ниски температури го убиваат вирусот? Како УВ-зраците влијаат врз коронавирусот?

Температурите повисоки од 60 степени го уништуваат коронавирусот, па така и топлинската обработка на храната, како и перењето на облеката над 60 степени ќе го уништи вирусот, а на пониски температура тој преживува.

Сѐ уште нема докази за влијанието на сончевите зраци на коронавирусот со оглед на тоа дека осен УВ-зраците и другите абиотички фактори, какви што се температурата и влагата, може да влијаат врз инактивација на коронавирусот.

Во продавниците сите користиме исти корпи или колички. Дали треба сами да ги дезинфицираме?

Во моментов во секоја продавница на влезот се наоѓаат средства за дезинфекција и тие освен за дезинфекција на рацете, треба да се употребат и за дезинфекција на рачките на количките и корпите. Во продавниците е препорачано и зачестена дезинфекција на површините што најчесто се допираат, а тоа секако се рачките на количките и на корпите. Исто така, треба да се избегнува допирањето на лицето за време на пазарување.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....