11:38 - 8 април, 2026

Дупчиња на образите имаат само 20 отсто од луѓето во светот, а тие се посебни токму поради ова!

Според народните верувања дупчиња на образите носат успех и среќа.

Кај некои луѓе тие постојано се гледаат на лицето, додека пак кај некои само кога ќе се насмеат.

Се случува и луѓето да имаат само еднo дупче на едната страна од лицето, но зошто некои воопшто немаат?

Медицината вели дека овие дупчиња се појавуваат поради недостаток на мускулни влакна, односно недоволно развиени мускули, а со текот на времето можат да се пополнат и да исчезнат.

На пример, децата често имаат дупчиња на образите, но кога ќе пораснат, тие едноставно им исчезнуваат, како и дупчињата на брадата.

Дупчињата на образите и брадата се наследни, па ако ги има едниот од родителите, постојат од 25 до 50 отсто шанси дека ќе ги има и детето.

Ако пак дупчиња на образите имаат и двајцата родители, тогаш веројатноста е уште поголема дека ќе ги имаат и децата.

Слични објави

Целта на Артемис 2 е трајно присуство на човекот на Месечината – што би значело тоа за човечкото тело?

Т.Ц.

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо
Се вчитува....