3.8 C
Скопје
09:29 - 18 ноември, 2024

Дали е крај на монополот на Гугл? Од есен добиваме поголема слобода на пребарување на интернет

По одлуката на Европската комисија за конкуренција (Director General Competition), Гугл повторно ги напиша договорите што ги има со производителите на мобилни телефони, кои во своите уреди го инсталираат оперативниот систем Андроид, пренесува Телеграф.рс.

На новите Андроид мобилни телефони и таблети на просторот на Европската економска заедница од оваа есен ќе постои опција за избор на интернет пребарувач. Помалите пребарувачи досега немаа шанса да станат прв избор за пребарување во Андроид опкружувањето.

Екран за избор на пребарувачи доаѓа на Андроид откако Европската комисија го казни Гугл со 4,34 милијарди евра поради кршење на антимонополските правила на ЕУ на 18 јули 2018 година, односно поради неговата доминација на Андроид платформата.

ЕК го обвини Гугл за „три нечесни практики“. Како што пренесува Телеграф.рс, Гугл барал од производителите однапред да ја инсталираат апликацијата Гугл срч и Хром ако сакаат да ја лиценцираат апликацијата Гугл плеј, потоа им платил на операторите на мобилните мрежи и на производителите на телефони исклучиво однапред да инсталираат Гугл пребарување и ги спречил производителите да создаваат алтернативни верзии на Андроид без негово одобрение доколку сакаат однапред да инсталираат која било апликација од Гугл.

Тоа е најголемата досудена казна за Гугл од страна на Европската комисија за неговиот пазарен монопол и ограничување на конкуренцијата.

Гугл е најдоминантна алатка за пребарување во светот, освен во Кина каде што пребарувањето на Гугл е забрането, и во Русија, каде што доминантен пребарувач е домашниот Јандекс.

Корисниците на паметни телефони во Русија добиле избор за пребарување од август 2017 година.

Тогаш уделот на пребарувања преку Гугл бил 60%, а само една година подоцна се изедначил со Јандекс на 50:50, а во март годинава уделот на Јандекс бележи 56% со тенденција на раст, додека уделот на Гугл е 42%.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....