02:54 - 3 април, 2026

Близнаци родени со различна боја на кожата

Стејси, 31-годишна мајка од Нигерија, немала поим дека фотографиите на нејзините бебиња родени во февруари лани ќе го обиколат светот.

Браќата Даниел и Давид се родени со едноминута разлика, а и покрај тоа што и двајцата имаат големи кафеави очи, малкумина би претпоставиле дека се браќа.

Instagram

Нивните родители Стејси и Бабаџиде, кои живеат во Лагос, признаваат дека нивните бебиња предизвикуваат големо внимание кога ќе излезат надвор. Даниел е со темна кожа, а Давид има светла кожа и златести кадрици.

Instagram

Стејси одлучила да ги документира животите на бебињата на Инстаграм, а досега собрала 18.000 следбеници.

– Не знаевме колку се различни за време на бременоста, ултразвукот не го покажува тоа, па затоа бевме изненадени кога Даниел се роди со темна коса, а Давид со златна. Ги родив со царски рез, а лекарот се пошегува дека имам „неидентични близнаци“. Медицинските сестри постојано доаѓаа да ги гледаат – рекла Стејси.

Instagram

Покрај двата сина, тие ја имаат и петгодишната ќерка Демилада.

Давид е роден со албинизам, генетска состојба што се јавува кај едно од 20.000 бебиња во светот.

Instagram

Албинизмот е наследна генетска состојба, а се карактеризира со недостиг на пигментот меланин во кожата, косата и очите. Се појавува кај сите етнички и расни групи, а недостигот на пигментот може да варира. Во Нигерија бројот на албино луѓе е невообичаено голем, но и покрај тоа доживуваат дискриминација и злоупотреба. Стејси посочува дека таа никогаш не слушнала грди коментари за своите деца и дека ги сака и двете еднакво.

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....