14.8 C
Скопје
12:29 - 22 март, 2026

Иконата на грчката електронска сцена Никос Диамантопулос на журка во Скопје

Петоците веќе стануваат заштитен знак и гаранција за малку поинаква забава во првиот музички бар во нашата земја.

За овој петок Intermezzo Music Bar го најавува гостувањето на иконата на електронската музика од соседна Грција, артистот чии хитови сè уште се вртат на најпопуларните подиуми и радиостаници ширум светот – Никос Диамантопулос.

Никос во својата биографија има повеќе од 200 изданија, вклучувајќи четири албуми (LP) и соработува со најпознатите уметници, меѓу кои Little Louie Vega, Jask, Lustral, Hiroshi Watanabe, Roland Clark, Jamie Lewis… Неговата музика се појавува на врвните издавачки куќи како Armada Music, Defected, King Street, Purple Music, Vida Records.

Музиката на Никос Диамантопулос е опишана како сон исполнет со емоции, микс на многу култури, вклучувајќи џез, соул, афро-бит, фанк и етно музика. И да, гостувањето во Скопје не му е прво, тој беше дел и од летното издание на овој фестивал, односно настапи во рамки на Белата ноќ.

Слични објави

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо

Го занемаруваме, а најбрзо старее: Како правилно да го негувате деколтето

Еспресо

Со само две состојки ослободете се од непријатниот мирис по готвењето

Еспресо

Што мислите, колку пати луѓето вистински се вљубуваат во текот на животот?

Еспресо

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо
Се вчитува....