7.8 C
Скопје
14:52 - 22 декември, 2024

(Фотогалерија) HUAWEI WATCH GT 3 Pro: Најелегантните паметни часовници на Huawei за дамите и господата

Huawei Consumer Business Group ја најави премиерата на македонскиот пазар на најновата верзија на популарната серија HUAWEI WATCH GT – HUAWEI WATCH GT 3 Pro. Часовникот доаѓа во титаниумска и керамичка верзија, со нов интерфејс, материјали од висока класа, исклучително јасен и голем дисплеј, траење до 14 дена на батеријата, брзо безжично полнење и елегантни копчиња.

HUAWEI WATCH GT 3 Pro е првиот часовник на Huawei што поддржува срцева анализа во форма на кардиограм (функцијата ќе биде активна во Европа подоцна оваа година). Технологијата TruSeen 5.0+ обезбедува прецизно мерење на здравствените параметри, вклучително и заситеноста на крвта со кислород. Следењето на спортските активности е исто така подигнато на повисоко ниво, а на досега достапните преку 100 режими се додава слободно нуркање до длабочина од 30 метри. Системот за геолокација со двоен опсег, базиран на пет сателитски системи, гарантира исклучително прецизни податоци и е одлична основа за професионалните програми за трчање.

Богато спортско наследство

Серијата HUAWEI WATCH GT е инспирирана од автомобилската индустрија и нејзиното име доаѓа од моќниот, но луксузен „Grand Tourer“ или „Gran Turismo“. Денес, кратенката GT е симбол на моќ, високи перформанси и доверливост во елегантен дизајн, а серијата HUAWEI WATCH GT е совршено олицетворение на сето ова.

Првиот уред од серијата беше најавен во 2018 година и е пресвртница на пазарот на паметни часовници. Неговите следни изданија носат уште повеќе здравствени и спортски функции и поголема продуктивност, а денес е премиерата на новата генерација во две карактеристични варијанти – HUAWEI WATCH GT 3 Pro Titanium Edition и HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic Edition.

HUAWEI WATCH GT 3 Pro Titanium Edition: секој детаљ е уметност

HUAWEI WATCH GT 3 Pro Titanium Edition доаѓа со прекрасен, врвен дизајн со моден пресврт во споредба со претходните генерации на серијата. Првиот впечаток е поголемиот AMOLED дисплеј од 1,43 инчи со висока резолуција од 466х466 пиксели, што овозможува уште подобра видливост и читливост на информациите. Квалитетот на материјалите ја надополнува високата класа на уредот. Цврстото, но лесно тело од титаниум е дизајнирано да го издржи тестот на времето и е вешто полиран со тридимензионална завршница. Дисплејот е изработен од сафирен кристал, материјал со тврдост на дијамант, а високотехнолошкиот керамички заден дел поминал низ преку 60 процеси, од циркониум керамички прав до финалниот производ. Овој материјал е во состојба да почувствува и најмала промена во температурата на телото.

Вкупната дебелина на уредот е намалена за 0,5 мм во споредба со HUAWEI WATCH GT 2 Pro, за подобар квалитет и удобност.

HUAWEI WATCH GT 3 Pro Titanium Edition располага со тактилна 3D ротирачка круна во стилот на традиционалните часовници. Ви овозможува да ја зголемувате и намалувате содржината на екранот, да се префрлате помеѓу различни интерфејси, да ги менувате поставките и многу повеќе, само со притискање и ротирање на круната.

Има и копче за ЕКГ, за составување кардиограм, што е погодно, ја стимулира здравствената заштита, а во исто време има стилски дизајн со својот титаниумски мат финиш. Електродите со висока прецизност правилно ги детектираат податоците од ЕКГ, овозможувајќи мерење каде било и во секое време.

HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic Edition: ја истражуваме естетиката на технологијата

HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic Edition им нуди на дамите импресивен дизајн, со елеганција на керамика, дополнувајќи го шармот на металот. Неговата инспирација е ремек-делото на Ботичели „Раѓањето на Венера“, што ќе го пронајдете во златните или сребрени фитинзи со 24 бранови, што го претвора часовникот во уметничко дело. Керамиката е тврд материјал и обликувањето и полирањето не е лесен процес. Потребни се 10 дена и 13 посебни дијамантски абразивни процеси на полирање на секој уред пред да излезе од фабриката. Како резултат на овој мајсторски третман, секој часовник блеска со природна белина.

Цветниот бројчаник на HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic Edition ја менува својата форма со одминувањето на часовите – цвета и се затвора, создавајќи интригантен детаљ што интуитивно го чувствува минувањето на времето. Високо-технолошката керамика не е само убава, туку е и високо отпорна на корозија и топлина.

Исто како и титаниумското издание, и керамичкото доаѓа со сафирен кристал отпорен на гребење. Покрај дисплејот, кристалот од сафир се користи и во керамичкиот заден сензор за подобра пенетрација на светлината и прецизно следење на отчукувањата на срцето. Материјалите погодни за кожата овозможуваат автоматско откривање на каква било промена на температурата. Слично на верзијата со титаниум, керамиката има копче ЕКГ (самата функција ќе се активира преку ажурирање подоцна во текот на годината) и 3D ротирачка круна, совршено прилагодена на женската елеганција на Ceramic Edition.

Чистата и елегантна силуета на HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic Edition е надополнета со мноштво копчиња за 1,32-инчниот AMOLED HD дисплеј во боја со 466×466 HD резолуција со беспрекорен квалитет на сликата.

HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic Edition е несомнено убав, но тоа не е сѐ за него. И титаниумската и керамичката верзија се дизајнирани за беспрекорно следење на здравјето и спортските активности, во авантуристичкиот дух на серијата GT.

Сигурен асистент со долго траење на батеријата

Серијата HUAWEI WATCH GT 3 Pro го наследува долгото траење на батеријата на целата серија HUAWEI WATCH GT. HUAWEI WATCH GT 3 Pro Titanium Edition трае до 14 дена со типична употреба со едно полнење (или 8 дена за интензивна употреба), а HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic Edition обезбедува 7 дена траење на батеријата за типична и 4 за интензивна употреба. Безжичното полнење е 30% побрзо од WATCH GT 2 Pro.

Грижата за здравјето никогаш не била полесна

Една од главните карактеристики на паметниот часовник е здравствената заштита, а HUAWEI WATCH GT 3 Pro доаѓа со нови и попрецизни здравствени карактеристики. Еден од нив е составување кардиограм. Сертифициран како медицински уред од Националната управа за медицински производи на Кина, ЕКГ системот на Huawei вклучува ЕКГ сензорски модул со високи перформанси и обезбедува мерење на ЕКГ во реално време, со информации за синусниот ритам, атријална фибрилација, и многу повеќе. Покрај тоа, HUAWEI WATCH GT 3 Pro поддржува мерење на артериска тврдост за проценка на кардиоваскуларниот ризик и HUAWEI TruSeenTM 5.0+, што поддржува следење на заситеноста со кислород во секое време. Функцијата ќе биде активирана во Европа во наредните месеци.

HUAWEI WATCH GT 3 Pro обезбедува многу повеќе здравствени карактеристики, вклучително и континуирано следење на отчукувањата на срцето со уште поголема прецизност од претходно, а со HUAWEI TruSleep™ 2.0, Watch GT 3 Pro детално го следи квалитетот на спиењето, вклучувајќи пулс, дишење и многу повеќе параметри што обезбедуваат вредни информации за негово подобрување без да се загрози удобноста на корисникот додека спие.

HUAWEI WATCH GT 3 Pro нуди и следење на менструалниот циклус на жените, вклучувајќи го очекуваниот почеток и крај, и почетокот и крајот на плодниот период. Има и здравствен асистент – Healthy Living Shamrock. Преку приспособените поставки, корисниците можат да добиваат потсетници за различни работи како што се здравствени предизвици, вода во текот на денот, медитации, спиење, цели на вежбање, и друго.

Ново разбирање на професионалниот тренинг

HUAWEI WATCH GT 3 Pro, исто така, ја наследува спортската ДНК на серијата GT, но со надградени хардверски и софтверски способности и уште поголемо богатство на спортски режими. Со вградениот систем за геолокација, базиран на петте главни сателити: GPS, Beidou, GLONASS, Galileo, QZSS, часовниците успешно ги елиминираат сите пречки и ги минимизираат отстапувањата.

Спортот е социјална активност и HUAWEI WATCH GT 3 Pro им овозможува на корисниците да ги споделат своите достигнувања со пријателите и да ги поканат да учествуваат во спортски предизвици. Каде и да ве одведат, Route Back Navigation ќе ви помогне да го пронајдете патот назад, дури и ако сте офлајн.

Нуркање во водоотпорна иднина

Една од највозбудливите карактеристики на серијата HUAWEI WATCH GT 3 Pro е поврзана со неговата напредна отпорност на вода. По 200 циклуси на тестирање на притисокот на водата, часовниците го исполнуваат стандардот EN 13319 и барањата за ниво на подготвеност за слободно нуркање до длабочина од 30 м. 

Има и нов посебен режим – Free Diving Mode, што прикажува информации за нуркање во реално време и може да биде особено корисен за секој почетник во нуркањето.

Вреден партнер за тренинг

Помеѓу стотина режими за тренинг ќе најдете и интелигентна функција за планирање на трчањето. Помага да се состави личен план заснован на индивидуална физичка историја и историја на трчање и да се постават цели. Податоците за темпото, отчукувањата на срцето, растојанието, итн., се проценуваат со синхронизирање со други компатибилни уреди и преку 60 апликации за тренинг ширум светот, како што се Runtastic и Komoot. Меѓу режимите се голф, трчање во крос-кантри и слободен тренинг – што и да правите, HUAWEI WATCH GT 3 Pro е тука за вас. Исто така, нуди доволно простор за складирање и пуштање музика преку Bluetooth за да ја слушате вашата омилена плејлиста во секое време.

Личен асистент на вашиот зглоб

Носејќи паметен часовник, носите многу апликации на вашиот зглоб и можете да ги користите за тренинг, игри, забава, и останато. HUAWEI WATCH GT 3 Pro поддржува Bluetooth, независен гласовен асистент и други функции што го прават вашиот личен и социјален живот уште попријатен.

Компатибилен со кој било паметен телефон

HUAWEI Watch GT 3 Pro може да работи самостојно, но во повеќето случаи да биде поврзан со паметен телефон, односно уред базиран на Android и iOS.

На локалниот пазар

Овие денови се случи официјалното лансирање на уредите на ексклузивен настан во Скопје, каде што присуствуваше регионалниот тим на Huawei. Генералниот менаџер на Huawei CBG за Бугарија и Северна Македонија, г-дин Лиу Ганг Скофилд, зборуваше за резултатите, иновациите, стратегијата на брендот, како и идните планови. Тимот на Huawei Македонија, предводен од Оливер Костадиновски, Senior Sales manager, ја презентираше новата серија паметни часовници Huawei Watch GT 3 Pro. Серијата е веќе достапна на македонскиот пазар, во три варијанти – HUAWEI Watch GT 3 Pro Titanium Edition, соодветно со титаниумски ремен и црн еластомер, и HUAWEI Watch GT 3 Pro Ceramic Edition, целосно изработен од бела керамика – тело и ремен. Паметните часовници може да се набават во партнерската мрежа на Huawei Македонија, по препорачана цена од 28.999 денари (Елегантна верзија), 21.999 денари (Спортска верзија) и 30.999 денари (Керамичка верзија на женскиот часовник).

Комерцијален текст

Слични објави

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо
Се вчитува....