09:17 - 8 април, 2026

30-годишна наставничка од Сиднеј одлучила да се омажи за себе

Додека повеќето луѓе денот на венчавката го замислуваат како ветување за вечна љубов и посветеност на својот партнер, Патриша одлучила да го вложи целото свое време, пари и енергија во себе велејќи го судбоносното „да“ на самата себеси.

Патриша Кристин одлучила да се спротивстави на очекувањата на општеството дека жените треба да основаат семејство до 30 години.

Повеќето луѓе ќе се согласат дека денот на венчавката е еден од најпосебните денови во животот, и веројатно најскапиот.

Пред осум години, Патриша ја раскинала веридбата со нејзиниот тогашен партнер и неодамна, на 28-годишна возраст, одлучила да направи церемонија на која се омажила самата со себе.

Во мај минатата година, наставничката од Сиднеј, Австралија, си направила свадба, опкружена со нејзините најблиски пријатели. Си купила венчаница, прстен и цвеќиња.

За време на 30-минутната церемонија, Патриша зборувала за љубовта кон себе и дека се надева дека другите млади жени ќе се прифатат себеси, без разлика дали се во врска или сами.

„Не сакав да ги почитувам социјалните очекувања и решив да им покажам на жените дека најважната врска во животот е онаа што ја имаат со самите себеси“, објаснила таа.

По церемонијата, Патриша и нејзините пријатели одржале лежерна прослава во парк, девојката подоцна сподели фотографии од церемонијата на својот инстаграм-профил во чиј опис напиша – „Реков да… на самата себе!“.

Слични објави

(Фото) Среќна баба: Кате од „Нели ти реков“ ги покажа внуките

apostolova

Хороскоп за 8 април: Близнаците носат одлука што менува тек, Девиците конечно се ослободуваат од дилема

apostolova

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.
Се вчитува....